11 ТВ серии што секоја жена треба да ги изгледа - Part 2

11 ТВ серии што секоја жена треба да ги изгледа

6. Проектот Минди (The Mindy Project)

(6)11-serii-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-izgleda-kafepauza.mk

Ако омилени филмови ви се романтичните комедии, тогаш ова е серија за вас. Минди Колинг исто така ги обожава овие филмови и приказната е полна со моменти кои се инспирирани од најдобрите романтични комедии.

7. Сексот и градот (Sex and the City)

(7)11-serii-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-izgleda-kafepauza.mk

Зарем е можно оваа ТВ серија да не се најде на листата? Ова е првата серија која им дозволува на жените отворено да зборуваат за нивниот сексуален живот на телевизија. Таа стана толку многу позната, што треба навистина да живеете „под камен“ за да не ги знаете Кери, Миранда, Саманта и Шарлот.

8. Вовед во анатомијата (Grey’s Anatomy)

(8)11-serii-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-izgleda-kafepauza.mk

Ова можеби е типична сапуница, но првите сезони се навистина фантастични. Секако, можеби ја гледате серијата заради романсата на Дерек и Мередит, но серијата е многу повеќе од тоа. Во неа е вклучено и прекрасното пријателство на Мередит и Кристина и серијата изобилува со несовршени, но силни женски ликови. Покрај тоа, ако навистина сакате љубовна драма, таа го има токму тоа. Последните епизоди од сезоните секогаш вреди да се изгледаат бидејќи постојано се случуваат луди катастрофи.

9. Добрата сопруга (The Good Wife)

(9)11-serii-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-izgleda-kafepauza.mk

Оваа ТВ серија се фокусира на Алисија Флорик. Нејзиниот сопруг се наоѓа сред јавен политички и секс скандал. Таа одлучува да се соземе и ја продолжува нејзината кариера како адвокат. Таа станува навистина самоуверена и ја презема контролата над својот живот. Случаите на кои работи се навистина интересни, но ликот на Алисија е она што ќе ве навлече на серијата.

10. Девојки (Girls)

(10)11-serii-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-izgleda-kafepauza.mk

По Сексот и градот, пристигна серијата Девојки. Таа ги следи животите на неколку девојки од дваесетина години кои се на факултет. Оваа серија не се плаши да покаже дека врските и пријателствата знаат да бидат навистина тешки и проблематични.

11. Грејс и Френки (Grace and Frankie)

(11)11-serii-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-izgleda-kafepauza.mk

Не мора секогаш главните ликови да бидат млади девојки. Оваа ТВ серија ги прикажува женските пријателства во друга доба од нивниот живот. Таа ќе ви покаже дека дури и кога вашиот живот навистина не е како што треба, вашите пријателки се секогаш овде да ви помогнат.

Погледнете ги и овие криминалистички серии на кои вреди да му дадете шанса.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар