11 ТВ серии што секоја жена треба да ги изгледа
Сериите земаат сè поголем замав и луѓето сè почесто уживаат во нив наместо во гледањето филмови. Секој знае дека во Холивуд доминираат мажите, но полека и жените почнуваат да го заземаат своето место, па се појавуваат сè повеќе ТВ серии и филмови наменети за жени. Погледнете ја оваа листа со ТВ серии кои секоја жена треба да ги изгледа.
1. Портокаловото е новото црно (Orange is the New Black)
Серијата почнува со поглед кон животот на Пајпер Чапман што треба да ја отслужи својата затворска казна. Но постепено, приказната се претовара во фантастичен ансамбл. Веќе никому не му е ни грижа за Пајпер! Поважни се другите жени во затворот кои се многу интересни и кои имаат навистина трогателни приказни за раскажување.
2. Широк град (Broad City)
Илана и Аби се прекрасно телевизиско дуо. Девојките имаат по дваесетина години и се впуштаат во случајни и диви авантури низ Њујорк, притоа обидувајќи се да научат како да бидат возрасни.
3. Девојките Гилмор (Gilmore Girls)
Оваа ТВ серија ќе ги стопли и најстудените срца. Во неа се истражуваат комплицираните врски помеѓу три генерации на жени. Ако тоа не ви го привлече вниманието, тогаш сигурно ќе ви се допаднат чудните и ексцентрични споредни ликови.
4. Бафи убиецот на вампири (Buffy the Vampire Slayer)
Ако не сакате фантазија, не дозволувајте насловот да ве измами. Да, Бафи секогаш убива вампири после училиште, но серијата е многу повеќе од тоа. Таа ги прикажува работите низ кои секој од нас поминува додека расте: Пронаоѓање себеси, пријателството и бурната врска со првата љубов.
5. Зборот на буквата Љ (The L Word)
Оваа серија е трогателен и искрен поглед кон женската сексуалност. Гледајќи ја серијата сигурно ќе почувствувате многу емоции. Во еден момент ќе плачете, а во другиот ќе се смеете на цел глас.
Продолжува на следната страница…