10-те најдобри психолошки трилери од 21-виот век - Part 2

10-те најдобри психолошки трилери од 21-виот век

6. Непријател (Enemy)

(6_10-te-najdobri-psiholoshki-trileri-od-21-viot-vek-kafepauza.mk

Овој филм ја раскажува приказната за еден фрустриран учител кој е заробен во неговиот живот, живот кој се врти помеѓу огорченост и бездушен секс со неговата партнерка. Случајно, тој го сретнува својот двојник, па за да ја разреши мистеријата се обидува да стапи во контакт со него. Филмот има големо влијание од Дејвид Линч и Стенли Кјубрик, и има навистина надреална атмосфера. Трилерот е полн со метафори, симболи и скриени показатели на дејството, а сето ова резултира со навистина комплексна приказна. Ова е одличен пример на интелигентна нелинеарна приказна.

7. Скриени (Caché)

(7)10-te-najdobri-psiholoshki-trileri-od-21-viot-vek-kafepauza.mk

Иако е бавен, и нема многу акција, овој филм припаѓа токму во категоријата трилери. Уредник на телевизија од Париз почнува да добива снимки од неговиот дом. На почетокот мисли дека станува збор за шега, но подоцна целото негово семејство е тероризирано од непознатиот испраќач. Речиси целиот филм е сместен во домот на главниот лик, место во кое доминираат црната, белата и беж бојата кои даваат застрашувачки ефект. Филмот нема никаква музика, туку се потпира на дискретни, но неверојатно добри звучни ефекти.

8. Стариот (Oldboy)

(8)10-te-najdobri-psiholoshki-trileri-od-21-viot-vek-kafepauza.mk

Јужна Кореја има понудено неколку одлични уметнички филмови во 21-виот век, а токму овој е најдобриот на таа листа. Од 2003-та година кога е издаден, филмот си заработи култен статус низ целиот свет. Може да се опише како модерна верзија на грчките трагедии, како на пример Одисеја или Едип. Откако бил затворен и изолиран 15 години во една хотелска соба, главниот лик почнува да бара одмазда за убиството на неговата жена. Воглавно, ова е филм за одмазда, но психолошката компензација за неправдата го прави одличен пример за психолошки трилер.

9. Мементо (Memento)

(9)10-te-najdobri-psiholoshki-trileri-od-21-viot-vek-kafepauza.mk

Ова е најнеобичниот филм кој ќе го изгледате. Филмот почнува од крајот, а оставено е на вас да ги склопите останатите сцени кои не се подредени хронолошки. Главниот лик, Леонард, има проблеми со меморијата – не може да создаде нови сеќавања. Но, тој сепак се обидува да го реши случајот со убиството на неговата жена. Редоследот по кој се прикажани сцените ни покажува како е да си живее со нарушувањето на главниот лик.

10. Мулхоланд Драјв (Mulholland Drive)

(10)10-te-najdobri-psiholoshki-trileri-od-21-viot-vek-kafepauza.mk

Гледањето филм од Дејвид Линч е како да влегувате во кошмарот на некој друг. Мулхоланд драјв е психолошки трилер во секоја смисла. Причината за ова не е психолошката тема на филмот, туку способноста да ја тестирате вашата психа додека го гледате. Целта на режисерот била да допре до потсвеста на гледачите, и успеал во тоа. Тешко е да го разберете овој филм, а токму ова ќе ве натера да го изгледате уште многу пати. Многу често овој филм се спомнува како најдобриот од 21-виот век, а за дејството нема што да ви кажуваме, освен дека гледањето на овој филм е многу чудно и напнато искуство.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар