10 одлични филмови за Денот на вљубените
6. „Висока верност“ (High Fidelity)
Филмот е направен според истоимената новела на Ник Хорнби. Главниот лик е Роб Гордон, сопственик на продавница за плочи, кој пробува да се справи со болно раскинување. Филмот ни покажува како ги идеализираме романтичните врски и тоа на навистина интересен и смешен начин.
7. „Принцезата невеста“ (The Princess Bride)
Направен во период кога романтичните комедии беа правени само за женската публика, овој филм беше навистина нешто различно. Дури и да не сте го изгледале, сигурно барем еднаш сте слушнале за ова ремек-дело. Овој филм е за секој што сака хумор и приказна полна со вистинска љубов, пирати и борби со мечови.
8. „Дон Џон“ (Don Jon)
Ова е комедија режирана и напишана од Џосеф Гордон-Левит, кој ја има и главната улога. Неговиот лик е човек кој се справува со зависност од филмови за возрасни. Истовремено се обидува да ја одржи и врската со неговата нова љубов, чиј лик го глуми Скарлет Јохансон. Ако има барем еден филм на листава кој е наменет само за мажи, тоа е најверојатно овој.
9. „Светлата на градот“ (City Lights)
Ремек-делото на Чарли Чаплин не само што се смета за најголем достиг во неговата кариера, туку и за најдобар филм на сите времиња. Приказната е за човек кој се вљубува во сиромашна слепа девојка која продава цвеќиња на улицата. Девојката помислува дека човекот е милионер, илузија која тој се обидува да ја одржи што е можно подолго. Последната сцена од филмот е еден од најромантичните филмски моменти на сите времиња.
10. „Прирачник за оптимисти“ (Silver Linings Playbook)
Овој филм не е само добра романтична комедија, ова е едно од најдобрите дела на режисерот Дејвид О. Расел. Покрај тоа, има одлична актерска екипа и во главните улоги ги гледаме Џенифер Лоренс, Бредли Купер и Роберт Де Ниро. Ова е приказна за ментална болест и нејзиното влијание на функционалните врски. Ретко кој филм може да ја повтори оваа магија.
Ако сакате уште, погледнете ги и најдобрите љубовни филмови базирани на вистински приказни.