10 изненадувачки неточни филмови направени според вистински приказни - Part 2

10 изненадувачки неточни филмови направени според вистински приказни

6. Прекрасен ум (A Beautiful Mind)

10 изненадувачки неточни филмови направени според вистински приказни

Филм

Откако објавил труд за теорија на игрите, брилијантниот математичар Џон Неш е поканет во Пентагон да работи тајно со криптографија. Тој почнува да страда од интензивни халуцинации кои имаат влијание на неговата работа и неговото семејство. Подоцна дознава дека страда од шизофренија и се обидува да се справи со симптомите.

Вистинска приказна

Филмот во главно ја раскажува вистинската приказна, но има некои исклучоци како неговите врски со други мажи, вонбрачниот син и распадот на неговиот брак со Алисија. Кога ја прифаќа Нобеловата награда, тој не одржал говор во чест на неговата сопруга. Покрај тоа, Џон никогаш немал визуелни халуцинации. Болеста се манифестирала како заблуда и аудитивни халуцинации.

7. Повратникот (The Revenant)

10 изненадувачки неточни филмови направени според вистински приказни

Филм

За време на експедиција за размена на крзно во 1823-та година, Хју Глас е оставен од членовите на неговиот тим откако е нападнат од мечка. Поттикнат од убиството на неговиот син, Хју тргнува на мисија да преживее и да се одмазди.

Вистинска приказна

Иако филмот е направен според вистински инцидент од 1823-та година, важно е да се напомене дека Хју никогаш не спомнал или запишал за напад од мечка. Неговата приказна била објавена во литературен весник во 1825-та година, што значи дека нема ништо што ќе ја поткрепи. Нема докази дека Хју имал сопруга или дете кое било убиено, факт што ја прави самата одмазда непотребна. Според историчарите, Хју ги барал мажите кои го оставиле, но на крајот им простил.

8. Титаник (Titanic)

10 изненадувачки неточни филмови направени според вистински приказни

Филм

Двајца патници од различни социјални класи се вљубуваат еден во друг. Откако бродот ќе се судри со леден брег тие се обидуваат да преживеат.

Вистинска приказна

Иако целта на филмот никогаш не била точна интерпретација на историските настани, сепак беше виновен за ширење на неколку невистини. На пример, ликот на Вилијам Мурдок кој е направен според вистинска личност е прикажан како стрела патници пред самиот да се застрела. Очевидците раскажуваат сосема поинаква приказна, односно тој бил вистински херој и се обидувал да спаси што е можно повеќе луѓе. Неговото семејство било гневно поради ова претставување во филмот, па добиле дури и лично извинување од продуцентите. Друга грешка е што во филмот патниците од трета класа присилно се држени под палубата што не им дозволува да стигнат до спасувачките чамци. Иако портите постоеле, нивната цел била заштита од инфективни болести. Ова значи дека Џек и Роуз имале многу мали шанси да се запознаат.

9. Теорија на сè (The Theory of Everything)

10 изненадувачки неточни филмови направени според вистински приказни

Филм

Во филмот е прикажан животот на познатиот Стивен Хокинг вклучувајќи ги неговите академски успеси, врската со Џејн Хокинг и неговата дијагноза.

Вистинска приказна

Иако Џејн и Стивен не се согласуваат за нивните религиски верувања, во филмот често имаат интелектуални дебати за постоењето на Бог. Но според Џејн овие расправи станувале многу лични и болни бидејќи атеизмот на Стивен се засилувал со текот на времето. Кога Стивен се одлучува да ја напушти Џејн за Илејн, разделбата во филмот е тажна, но е заедничка одлука. Во вистинскиот живот, Илејн, која била медицинска сестра на Стивен, го придружувала парот на одмор. Тогаш имале жестока расправа и Стивен изјавил дека ќе оди да живее со Илејн.

10. Игра на имитација (The Imitation Game)

10 изненадувачки неточни филмови направени според вистински приказни

Филм

Алан Тјуринг и тим математичари се најмени од британската влада за да ги дешифрираат германските пораки испратени од машината Енигма за време на Втората светска војна.

Вистинска приказна

Главната тема во филмот е изумот на Тјуринг – машина за декодирање наречена Кристофер. Во реалноста машината што го пробила кодот на Енигма е наречена Бомба. Била направена од Тјуринг и Гордон Велчмен кој не е прикажан во филмот. Машината била базирана на поранешен дизајн од експерти за криптографија од Полска. Покрај тоа, важна тема во филмот е и сокриената сексуалност на Тјуринг. Во една сцена Џон Кернкрос му се заканува дека ќе го открие. Но, тие двајца работеле во разни единици и голема е веројатноста никогаш да не се сретнале.

Погледнете ги и овие филмови инспирирани од поеми.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар