10 филмови што треба да ги изгледате пред да наполните 30 години - Part 2

10 филмови што треба да ги изгледате пред да наполните 30 години

6. Девојка, испрекината (Girl, Interrupted)

(7)10-filmovi-koi-treba-da-gi-izgledate-pred-da-napolnite-30-kafepauza.mk

Еден од ретките филмови кои се фокусираат на менталното здравје на жените. Во филмот има некоја меланхолија која ќе направи да чувствувате надеж. Еден од најдобрите цитати во филмот е:

„Дали некогаш ги имаш помешано сонот и реалноста? Или имаш ли украдено нешто иако си имала пари? Дали некогаш си била тажна? Или си мислела дека твојот воз се движи додека седиш мирно? Можеби бев луда. Може биле 60-тите. Или пак можеби сум била девојка… испрекината.“

7. Добриот Вил Хантинг (Good Will Hunting)

(8)10-filmovi-koi-treba-da-gi-izgledate-pred-da-napolnite-30-kafepauza.mk

Приказната на Вил Хантинг е и трогателна и мотивирачка во исто време. Но, филмот навистина ја нагласува важноста да го искористите вашиот целосен потенцијал. Надминете ги вашите емоционални проблеми што е можно помлади за да не ве одведат на погрешниот пат.

8. Љубовна приказна (Love Story)

(9)10-filmovi-koi-treba-da-gi-izgledate-pred-da-napolnite-30-kafepauza.mk

Иако денес има огромен избор на љубовни филмови, ова е единствениот кој треба да го изгледате. Приказната е нешто што веќе ви е видено: Богато момче и сиромашна девојка се вљубуваат. Но едноставноста на филмот е она што ќе ве освои. Љубовта помеѓу главните ликови е нешто за што секој од нас сонува.

9. Приказна за играчките (Toy Story)

(10)10-filmovi-koi-treba-da-gi-izgledate-pred-da-napolnite-30-kafepauza.mk

Ако сè уште не ви е изгледан овој филм, па што сте правеле досега? Иако е наменет за деца, во него возрасните ќе уживаат исто, ако не и повеќе. Играчките на Енди живеат прекрасен живот исполнет со забава и мир, и нивните единствени грижи се родендените и Божиќ. Секој лик си е приказна за себе и може да ве научи многу.

10. Друштво на мртвите поети (Dead Poets Society)

(5)10-filmovi-koi-treba-da-gi-izgledate-pred-da-napolnite-30-kafepauza.mk

Ова е патување низ промената, адаптирањето и страста. Филмот ќе ве научи дека секогаш треба да застанете на своја страна и сосема е во ред да се сомневате во одлуките на родителите, наставниците и возрасните, наместо постојано да им се покорувате. Најмоќниот цитат од овој филм е:

„Мора да се стремиш кон тоа да го пронајдеш својот глас, бидејќи колку подолго чекаш, толку е помала шансата да го пронајдеш.“

Погледнете и кои се најдобрите филмови на сите времиња.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар