10 филмови чие вистинско значење (најверојатно) не сте го сфатиле - Part 2

10 филмови чие вистинско значење (најверојатно) не сте го сфатиле

6. Црниот лебед (Black Swan)

(6)10-filmovi-chie-vistinsko-znachenje-ne-ste-go-sfatile-kafepauza.mk

Многу луѓе мислат дека Црниот лебед е филм за шизофренија. Приказна за Нина и нејзината втора личност, Лили (името значи „ноќ“ или „темнина“ на древен Хебрејски). Всушност овој филм е за уметноста како феномен. Целата уметност има две страни – креативна и деструктивна. Вистинската совршеност се раѓа само кога ќе се обединат двете страни. Ова е метафорички прикажано во филмот.

7. Неонскиот демон (The Neon Demon)

(7)10-filmovi-chie-vistinsko-znachenje-ne-ste-go-sfatile-kafepauza.mk

Речиси е невозможно да го разберете овој филм без анализирање. Неонскиот демон е темната страна на секој предмет кој го посакуваме. Главниот лик е метафора за екстремна убавина. Исто така, постојаните слики од триаголници во филмот се симбол за Светото тројство. Ова ја прикажува идејата дека светот на модата и убавината станал нова религија, а модните писти се новите свети служби.

8. Живите мртовци (The Walking Dead)

(8)10-filmovi-chie-vistinsko-znachenje-ne-ste-go-sfatile-kafepauza.mk

Иако ова е серија, вреди да се најде на листата. Дали сте се запрашале како една серија за зомбиња успеала толку долго да го задржи вниманието на гледачите? Всушност серијата не само што го прикажува светот на живите мртовци, туку ги прикажува и разните форми на владеење низ историјата – од робовладетелство до демократија. Со секоја нова сезона гледачите имаат нови импресии за разните општествени уредувања во кои луѓето живеат, или би можеле да живеат.

9. Разделување (Split)

(9)10-filmovi-chie-vistinsko-znachenje-ne-ste-go-sfatile-kafepauza.mk

Последните 20 секунди од филмот се референца на друг филм, Некршлив (Unbreakable) кои укажуваат дека ова всушност е приказна за потекло. Изразот „приказна за потекло“ најчесто се користи за да прикажи како хероите од стриповите станале онакви какви што се. Значи во овој филм е прикажано дека главниот лик во Разделување не е само личност со ментално нарушување, туку супер херој чија приказна се испреплетува со онаа на ликот во Некршлив.

10. Боречки клуб (Fight Club)

(10)10-filmovi-chie-vistinsko-znachenje-ne-ste-go-sfatile-kafepauza.mk

Кај фановите на Боречки клуб, постои теорија дека и Марла е уште еден лик смислен од нараторот. Забележете дека Марла и Тајлер се многу слични: Двајцата постојан пушат, носат иста облека и прстени, па дури имаат и иста фризура. Марла од друга страна е многу послична со нараторот и ги има истите проблеми: И двајцата живеат во хотели, ја менуваат облеката во исто време, присуствуваат на истите собири за самопомош… Марла е можеби женскиот дел од личноста на нараторот која постои во време кога тој се обидува да се справи со машкиот дел – Тајлер Дурден. Изгледајте го филмот уште еднаш со оваа теорија на ум. Дури ни автомобилите не ја забележуваат.

(11)10-filmovi-chie-vistinsko-znachenje-ne-ste-go-sfatile-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

  1. dosnt mater Reply

    kompletno pogreshni percepci, pogreshno e i so se prezentirani kako informaci iako sosema nekorekni. 🙁

Остави коментар