Секој хороскопски знак има по 3 лица: Кое е вашето?
ВАГА
Прва декада (23.09 – 02.10)
Владар – Венера
Имате волшебна насмевка, неодолив шарм, а со убавите зборови ги отворате сите врати. Бракот и љубовта ви се исклучително важни. Едноставно не знаете, но и не можете да бидете сами. По природа сте необични и несамостојни. Често се занимавате со работа која е поврзана со убавина или жени.
Втора декада (03.10 – 12.10)
Владари – Уран и Сатурн
Зад љубезната природа се крие силен карактер. Без разлика колку пати животот ќе ве удира, вие секогаш ќе останете на своите нозе. Вие сте како железна рака во кадифена ракавица. Кога ќе ве налутат, знаете да бидете опасни и немилосрдни. Амбицијата може да ве одведе на патот на работните успеси.
Трета декада (13.10 – 22.10)
Владар – Меркур
Можеби животот не ве галел, но ве одвел на патот на самоостварувањето и личниот развој. Надарени сте за музика, танц и глума. Долго ја задржувате младоликоста и виталноста.
СКОРПИЈА
Прва декада (23.10 – 02.11)
Владар – Марс
Често имате исклучителни способности, понекогаш и натприродни. Имате силен карактер, страсни сте и секогаш желни за предизвици и докажување. Знаете да бидете чувствителни и љубоморни. Можете да се занимавате со стресна или ризична работа. Во љубовта не сте многу верни.
Втора декада (03.11 – 12.11)
Владар – Нептун
Без разлика колку тешко ги преживувате емоционалните бури, на вас тоа нема да биде видливо. Имате голема моќ на самоконтрола, но и харизма. Во една животна фаза можете да се насочите кон мистицизам. Длабоко сте интуитивни, креативни и интелигентни.
Трета декада (13.11 – 21.11)
Владар – Месечина
Задоволни сте со себе, но и многу мечтовите и чувствителни. Зрачите со сексапил, заведувате со погледот на кој е невозможно да се одолее. Иако знаете да се однесувате самодеструктивно, можете да поминете низ тешки животни кризи, а имате и голема способност за регенерација. Неуништливи сте.
СТРЕЛЕЦ
Прва декада (22.11 – 01.12)
Владар – Јупитер
Ве краси голем оптимизам, жед за знаење, интерес за далечни патување и други култури. Имате нос за бизнис. Знаете да уживате, а омиленото мото ви е „Живеј и оставете ги другите да живеат“. Среќата често ве чека далеку од местото во кое сте родени.
Втора декада (02.11 – 11.12)
Владар – Марс
Можете да дојдете до тајни знаења, да го изучувате минатото и старите народи, односно да се занимавате со работа во која на другите луѓе ќе им ја будите свеста за нивната улога во животот. Не поднесувате кога некој ви наметнува авторитет или ве попречува. Рано си заминувате од родителите.
Трета декада (12.12 – 21.12)
Владар – Сонце
Барате успех. Морате да постигнете нешто повеќе, да бидете над просекот. Барани сте. Иако имате многу пријатели, поважен ви е вашиот личен простор. Ја сакате природата, патувањата, ве занимава филозофијата, и истражувачката работа.
ЈАРЕЦ
Прва декада (23.12 – 31.12)
Владар – Сатурн
Во вашиот живот сѐ е поход, и без разлика колку илјадници километри би требало да поминете, нема да се откажете додека не стигнете до целта. Упорни сте, доследни, сериозни и одговорни. Рано во животот се сретнувате со одрекување, но тоа е само вашиот подем кон врвот.
Втора декада (01.01 – 10.01)
Владар – Венера
Рано созревате, удобно се чувствувате во друштво на зрели луѓе. Рационални сте, штедливи, но можно е да ва заслепи раскошот, па дури и алчноста. Добро се снаоѓате во организирањето на работата и работата со луѓе. Во љубовта сте верни.
Трета декада (11.01 – 20.01)
Владар – Меркур
Имате високо мислење за себе и многу вложувате во образованието и кариерата. Во зрелата доба уживате во своите постигнувања. Тежнеете кон духовен развој, но ниту материјалните задоволства не ви се непознати. Сакате црн хумор.
ВОДОЛИЈА
Прва декада (20.01 – 29.01)
Владар – Уран
Социјални сте, духовни, гладни за непредвидливи идеи и необични искуства. Ги сакате луѓето, оригинални сте, непосредни и за поголемиот дел од луѓето – несфатливи. Со духот сте пред вашето време, ја сакате науката, научната фантастика и сето она што може да ве возбуди и да го разигра вашиот ум.
Втора декада (30.01 – 08.02)
Владар – Меркур
Комуникативни сте, непосредни, многу размислувате и бавно зборувате. Најдобро ви лежат креативните работи и тимската работа. Сакате друштво од млади личности, знаете да ги насмеете и забавувате соговорниците. На интимен план честопати ќе ги помешате љубовта и пријателството.
Трета декада (09.02 – 19.02)
Владар – Венера
Во вас се одвива расправија помеѓу старото и новото, помеѓу желбата да тргнете понатаму и да останете тука каде што сте. Можете да постигнете многу во работата која е поврзана со мода, дизајн, нови технологии. Колку и да сте скептични, не престанувајте да го истражувате сето она што е ново и непознати.
РИБИ
Прва декада (19.02 – 28.02)
Владар – Нептун
Мечтовити сте, креативни, можете да бидете надарени за компонирање музика, пишување стихови, за танцување, за книжевност и глума. Исклучително сте интуитивни, склони кон идеализирање и платонска љубов. Немате многу смисла за практично, верувате во првиот впечаток и својата интуиција.
Втора декада (29.02 – 09.03)
Владар – Месечина
Романтични сте, ранливи и емотивно несигурни. Сакате деца, се држите до семејството и оние кои га сакате. Им помагате на послабите и немоќните. Тешко си заминувате од родителскиот дом. Мајката има посебна улога во вашиот живот. Лесно се заљубувате и сте во вечна потрага по сродна душа.
Трета декада (10.03 – 19.03)
Владари – Марс и Плутон
Надарени сте со сексапил и сте доста вешти во заведувањето. Посесивни сте кон саканата личност и често ја притискате со големи очекувања. Интуицијата е вашиот водич низ животот. За вас е важно да имате јасна цел во животот, но и разработена стратегија за нејзино остварување.