Нумерологија: Што открива личниот број за вашиот карактер?

Нумерологија: Што открива личниот број за вашиот карактер?

Со собирањето на цифрите од вашиот датум на раѓање, ќе го добиете вашиот личен број, кој според нумерологијата, прилично прецизно ги опишува вашите карактерни особини.

Нумерологија: Што открива личниот број за вашиот карактер?

Пресметајте го вашиот личен број на следниот начин:

Пример: Доколку сте родени на 15.08.1955, равенката би била: 1+5+8+1+9+5+5=34; 3+4=7

1

Вие сте личност којашто секогаш е еден чекор пред времето. Секогаш во умот ви надоаѓаат нови идеи. Големи лидери биле родени со овој личен број. Поседувате силна моќ за убедување на луѓето. Амбициозни сте, понекогаш дури и премногу, тешко се откажувате од своите замисли и идеи и поради тоа понекогаш имате тешкотии во животот. Меѓутоа, вие не се плашите од ништо и можете да ја надминете секоја препрека на патот кон успехот.

2

Вие сте вистинска уметничка душа. Создадени сте за љубов, за давање и делење сѐ што имате. Побитна ви е суштината отколку формата. Доколку не сте опкружени со љубов, се чувствувате како да немате ништо, но ретки се личностите родени во овој број, кои немаат љубов. Вашата внатрешност е толку привлечна, па ретко кој може да ви остане рамнодушен. Имате способност да го освоите секој што ќе го посакате.

3

Вие сте личност која стои цврсто на земја. Реално гледате на себе и на светот околу вас. Не сте склони кон фантазирање и залажување. Токму тоа ве прави добри пријатели, бидејќи нема на никого да му се улижувате за да го придобиете, а нема да бидете ни претерано цинични. Ја знаете вистинската мера за сѐ, а тоа понекогаш ви создава проблеми со претставниците на спротивниот пол. Не можете да живеете без љубов, но нема да трпите ни премногу работи коишто ви пречат, само поради некои возвишени чувства. Поради тоа, честопати се чувствувате несреќно.

4

Вие сте многу снажна и практична личност. Не сте склони на фантазирање или забошотување. Вие сте личност на која може да ѝ се верува, бидејќи секогаш го исполнувате она што ќе го ветите. Премногу сериозно го сфаќате животот и не знаете баш да се забавувате. Истата одговорност ја очекувате и од луѓето кои ве опкружуваат, поради што честопати сте нетолерантни кон пријателите и љубовните партнери.

5

Вие поседувате прекрасен дух. Ги имате сите особини кои треба да ги има една комплетна, хармонична личност. Забавни сте, интелигентни, енергични (но не премногу), ја цените љубовта, ги почитувате вашите пријатели, оптимистични сте… Поради ваквиот карактер, најчесто се чувствувате среќно и исполнето.

6

Вие сте исклучително нежна личност. Чувствителни сте и полни со разбирање за сите луѓе. Психички сте кревка личност и чувствата лесно можат да ви бидат повредени. Уметничка душа сте, имате осет за убавина, а и самите сте изразено убави. Освојувате на прв поглед, а луѓето околу вас уште повеќе ве засакуваат, откако ќе ве запознаат.

7

Вие сте многу внимателна и снаодлива личност, со филозофски нарав. За вас, може да се каже дека поседувате практична интелигенција. Паметни сте, но тоа знаете да го искористите за своја лична корист. Ќе успеете во животот, бидејќи знаете да го употребите својот мозочен потенцијал, на начин на кој другите луѓе можат само да сонуваат.

8

Според вас, сѐ има некаква практична вредност, па така умеете сите работи да ги свртите во ваша полза. За вас, и љубовта е корисна, па затоа не влегувате во врска без да размислите за користа која истата може да ви ја донесе. На сличен начин, и вашите пријатели ги доживувате како професионални соработници, т.е. луѓе од кои би можеле да извлечете некаква корист. Ова не значи дека сте негативна личност, која само ги искористува луѓето, туку дека едноставно сте многу практични.

9

Ако некому му е потребен совет во врска со тоа како треба да постапи во некоја ситуација, може веднаш да ви се обрати вам. Вие секогаш знаете да кажете што е исправно, а што не, кога станува збор за другите луѓе, искреноста е вашата најголема доблест и темел врз основа на кој го градите вашиот живот. Вас ве красат мноштво други позитивни особини и да се биде во ваша близина, претставува вистинско богатство.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. papuca Reply

    izvinete nemate broj 10

  2. sonja Reply

    A za 10

  3. Ане Reply

    Што е со бројот 11? : )

  4. gorgi Reply

    akaj e brojot 12 ako veke pravete pravete za sekoj

  5. jim Reply

    hahahahah, kolku e glupo, a za 10??? ccc

  6. nikoj Reply

    lele ama glupava nacija sme bile kakvi prasanja postavuvate koga se si e objasneto na pocetok inaku mislam deka odgovorite i ne se bas taka realno tocni za soprugot i za 1 kerka voopsto ne e taka

Остави коментар