Најборбени, најстрасни и најсилни: Ова се трите најмоќни жени во хороскопот! - Part 2

Најборбени, најстрасни и најсилни: Ова се трите најмоќни жени во хороскопот!

Скорпија

5-najborbeni-najstrasni-i-najjaki-ova-se-trite-najmokjni-zheni-vo-horoskopot-www.kafepauza.mk_

Таа сигурно не е пасивна, мирна и кротка жена. Немирна е и со доста страсна природа. Во животот не прави ништо неволно или половично. Не сака неодлучност. Кога ќе се ангажира во некоја акција или предизвик, кога учествува во некоја дискусија, кога доживува некоја авантура, секогаш оди до крај или пак, едноставно ништо не започнува. Разочарувањето и неуспесите длабоко ја погодуваат. Кај неа во сѐ доминира инстинктот. Најдобрите одлуки се диктирани од нејзината интуиција. А, нејзините први впечатоци за луѓето и работите, се најчесто неверојатно точни и прецизни. Не прави тактички или психолошки грешки. Таа способност за безгрешно да ги проценува луѓето понекогаш ја прави претерано сигурна во себе и во своето мислење. Ако некој не мисли како неа, му дава совети или ги критикува, а таа нејзина особина никому не му се допаѓа. Некои жени бараат мир и нивните чувства и емоционални реакции потсетуваат на тивка вода. Тоа не е случај и со нејзе. Нејзините чувства се вистински разбрануван океан. Симпатијата или антипатијата која ја чувствува кон луѓето веднаш се забележува на неа. Ретко може да го сокрие своето расположение.

Се случува да се излаже за некоја личност. А во тој случај, брзо може од љубов да премина на мразење, но и обратно. Во љубовта не спаѓа во категоријата ладни жени, лишени од страст. Бидејќи нејзините реакции во животот се ненадејни и непосредни, такви се и во љубовта. Уште во првите моменти од запознавањето таа чувствува привлечност кон некој маж. Физичката љубов има големо значење за неа, па според тоа и физичкиот шарм на почетокот игра поголема улога од моралните или интелектуалните квалитети. Таа не може да сака некого, ако прво не го посакува. Нејзината страст и сила со која ги заклучува работите ја ставаат во редот на оние жени кои имаат моќ на заведување и способност да го привлечат вниманието на скоро секој маж. Многу жени кои се родени во знакот Скорпија, иако не се истакнати убавици, фасцинантно и магично делуваат на мажите. Недефиниран, чуден и заводлив шарм, кој ги поттикнува вибрациите во длабочината на нејзината личност, таа знае добро да ги искористи. Кога ѝ се допаѓа некој маж и кога ја привлекува, ќе успее да го освои и „зароби“ со илјада невидливи детали. Во таа суптилна игра умее да ги користи до совршенство сите свои видливи и скриени адути.

3-najborbeni-najstrasni-i-najjaki-ova-se-trite-najmokjni-zheni-vo-horoskopot-www.kafepauza.mk_

Но, мажот кој таа го избрала нема веднаш до продре во тајните на нејзината личност. Таа за него долго време ќе биде мистериозна личност. А тоа воедно ќе биде и еден од силните причини за неговата љубов. Личноста која ќе посака одеднаш целосно да ја запознае, ќе ризикува да ја загуби засекогаш. Може да се помисли дека љубовта за неа е само игра, а сите нејзини напори насочени кон тоа да освои некого, а таа самата да остане неосвоена. Но, тоа е заблуда и тоа не е вистина. Иако таа умее вешто да го искористи своето оружје во љубовното освојување, тоа го прави без задни намери. Многу е сензибилна личност и секогаш во љубовта сака сѐ или ништо. Подготвена е да се предаде до крај, без стегнување и несебичност, но само на оној што таа го избрала. Нејзиниот избраник станува центар на нејзиниот живот. И тогаш кога ќе се омажи, таа не се впушта во мирни води.

Сака акција, движење, обновување. Љубовта за неа не е само страст, туку и вечна борба со новите животни предизвици. Во животот потсвесно сака да доминира со луѓето, настаните и работите. Ниту нејзиниот избраник не може да го избегне тоа. Секогаш ќе сака на некој начин да му ја наметне својата волја.

Следната жена на оваа листа е Стрелецот! Прочитајте повеќе за неа на третата страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар