Моден хороскоп за жени
Вага
Вагата се смета за еден од најелегантните хороскопски знаци, дами кои во моментот кога ја напуштаат просторијата оставаат зад себе облак од парфем за да ве потсетува на нив. Вагите се посебно посветени на својот физички изглед, често се перфекционисти и сакаат да бидат видени во модните кругови. Секогаш во тренд, често модни стручњаци за сечиј изглед и модни музи и инспирација за модниот свет токму поради нивните особености (Гвинет Палтроу).
Од шопинг се враќаат најчесто со повеќе од една ќеса, како би ја задоволиле секоја своја потреба кога станува збор за модниот стил. Гардероберот на жената-Вага е секогаш подобро опремен дури и од оној на врвните дизајнери.
Жените-Ваги се препознатливи по неспоивите комбинации, но и по умерените бои, одлично одбраните парчиња облека и начинот на кој ги носат. Лесните материјали се заштитниот знак на Вагата, малите торбички со многу детали, бисери и каменчиња, надополнети со комбинација од пастелни бои кои го дополнуваат стилот и оставаат впечаток на умереност.
Доколку сретнете дама со необична фризура, дури и во секојдневна прилика, со детали во косата, повеќе бои на себе кои одлично се вклопуваат и високи потпетици, знајте дека таа дама е типична Вага. Совршено нашминканото лице е една од нивните најважни карактеристики.
Odlican horoskop, savrsene kombinacije taman kako ih ija nosim, pogodjeno u sridu:)
🙂
ни за риби ни за девица не е погодено