Моден хороскоп за жени - Part 7

Моден хороскоп за жени

Девица

За разлика од Лавот, жените родени во знакот Девица оставаат впечаток на совршени дами, на кои сè им е на свое место. Тие се мајстори на редот, сакаат да живеат и работат во совршено уредна средина, а кога е во прашање гардеробата, големо внимание обрнуваат тоа што го носат на себе да биде едноставно, избрано со вкус и мерка, без некои екстремни промени.

(11) moden-horoskop-za-zheni-kafepauza.mk

Дамите родени во овој знак се препознатливи по класичниот стил на облекување, без претерано нападни детали. Поради нивната голема педантност, сакаат секое парче облека да им биде беспрекорно чисто и испеглано. Девиците не се љубители на преполн гардеробер со облека чија намена не се знае со години. Тие купуваат исклучиво облека којашто им е потребна во моментот, и големо внимание обрнуваат таа да биде со оправдана цена.

Девиците внимателно го избираат материјалот кој го носат на себе, поради чувствителната кожа. Во нивниот гардеробер најчесто се наоѓаат парчиња од памук, во кои се чувствуваат најудобно. За жените родени во овој знак најчесто ќе искоментирате како се секогаш целосно средени, без разлика дали на себе имаат елегантен фустан или едноставна дневна комбинација (Бијонсе, Камерон Дијаз). За нивниот секојдневен стил доволно е буквално еден мал детаљ за да ја зачини обичната комбинација.

(12) moden-horoskop-za-zheni-kafepauza.mk

Претпочитаат да ги одбегнуваат големите парчиња накит како и бижутеријата, а бои кои најдобро им одговараат на нивниот карактер се нежните нијанси како сината, белата, дури и портокаловата. Жените родени во овој знак се едни од малкумината среќни кои ја поседуваат онаа совршена манекенска фигура и затегнато тело, поради нивната дисциплина кога е во прашање физичката активност и исхраната. Има ли крај на перфекционизмот на нашите дами-Девици?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. AstroTarot Reply

    Odlican horoskop, savrsene kombinacije taman kako ih ija nosim, pogodjeno u sridu:)

  2. Анонимен Reply

    🙂

  3. teodora/stefanija Reply

    ни за риби ни за девица не е погодено

Остави коментар