Моден хороскоп за жени - Part 6

Моден хороскоп за жени

Лав

Ако зборуваме за кралици на гламурот, за жени кои и во сосема обична пригода наоѓаат начин како да го истакнат својот стил и да бидат максимално дотерани – тогаш говориме за дами кои имаат знак или подзнак Лав. Гардеробата која гордо ја носат не мора да биде раскошна или премногу нападна – доволно е да биде едноставна, како исцепкани фармерки, со некој дезен или анимал принт, кожни додатоци, сето тоа надополнето со едноставна маичка и вртоглаво високи потпетици.

(9) moden-horoskop-za-zheni-kafepauza.mk

Меѓутоа има нешто посебно во овие жени, тие имаат став. Зрачат со сигурност и неодолива енергија, па затоа често оставаат впечаток на принцези од бајките. Лавот е оној кој успева да биде забележан, дури и во наједноставните секојдневни комбинации (Шарлиз Терон), иако фустаните се нивниот полн погодок (Џенифер Лопез).

Парче накит од жолто злато или „златна“ бижутерија е она што најдобро го надополнува нивниот стил, а сите ѓердани, обетки и брошови со ситни камчиња се нивниот заштитен знак. Бојата која најмногу им прилега на дамите родени во овој знак е златно-жолтата, но одлично ги комбинираат и црната и црвената боја.

Многу актерки се родени во овој знак, што е уште еден доказ за театралноста која ја поседуваат, трудејќи се да изгледаат како да се на некоја театарска сцена.

Потполно се заљубени во брендираната облека и претпочитаат истата да ја вметнат што повеќе во нивните секојдневни комбинации.

(10) moden-horoskop-za-zheni-kafepauza.mk

Ваквите дами живеат со убедувањето дека секогаш се убави, па затоа припадничките на овој знак се токму оние жени по кои ќе се завртите на улица и ќе се запрашате од каде поседуваат толкава сигурност да носат смели комбинации, дури и ако понекогаш изгледаат несоодветни за дневна шема (фустан со пренагласени детали, брошови, материјали со анимал принт, вештачко крзно итн.). Во ваквите ситуации нема дилема за кој знак се работи, бидејќи Лавиците умеат истото да го носат со голема самодоверба.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. AstroTarot Reply

    Odlican horoskop, savrsene kombinacije taman kako ih ija nosim, pogodjeno u sridu:)

  2. Анонимен Reply

    🙂

  3. teodora/stefanija Reply

    ни за риби ни за девица не е погодено

Остави коментар