Моден хороскоп за жени - Part 3

Моден хороскоп за жени

Бик

Жената-Бик е најголемиот хедонист меѓу хороскопските знаци, а најголем доказ за тоа е примерот на Одри Хепберн. Сосема е доволно и самиот подзнак да е во знакот Бик или Венера да е сместена во овој знак, за овие жени да бидат икони на хедонизмот.

(3) moden-horoskop-za-zheni-kafepauza.mk

Знаат да уживаат многу повеќе од сите останати хороскопски знаци, како во естетскиот изглед преку стилот на облекување, така и во храната и малите работи. За Биковите најчесто велат дека патат од вишокот килограми, но тие поседуваат вештина со која умешно знаат да ги прекријат оние мали несовршености, што резултира со одличен изглед.

Жените-Бикови се природно ориентирани кон удобноста и комфорот, а оние најтипичните претставници на знакот сакаат максимално да се препуштат на задоволствата и големата потреба од шопинг пред сè, на најскапите и најквалитетни дизајнерски парчиња. Ако не се во можност да си дозволат такво задоволство, купуваат во бутици со огромен попуст, задржувајќи се кон правилото што повеќе – тоа подобро. Свесни се за импулсивниот шопинг како симбол на нивното задоволување на хедонистичките потреби. Сигурно во нивниот гардеробер се пронаоѓа и некое парче на кое сè уште етикетата не е извадена.

(4) moden-horoskop-za-zheni-kafepauza.mk

Елегантните фустани во кои доаѓаат до израз нивните облини (Пенелопе Круз) се најосновното парче облека кое го поседува секоја жена-Бик. Внимателно го избираат секој дизајн и материјал на својата гардероба, која е најчесто составена од свила, кадифе или волна.

Ова се жени кои имаат природно чувство за естетика, и кои се спремни самостојно да го одберат она за коешто сметаат дека е модерно, слепо следејќи ги модните трендови. Деталите како марами, ѓердани и синџирчиња одлично го надополнуваат стилот на облекување, посебно доколку одберат некоја класична комбинација. Боите кои најдобро му прилегаат на Бикот се пастелните и кафените нијанси, како и розетата, светлосината и светлозелената боја.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. AstroTarot Reply

    Odlican horoskop, savrsene kombinacije taman kako ih ija nosim, pogodjeno u sridu:)

  2. Анонимен Reply

    🙂

  3. teodora/stefanija Reply

    ни за риби ни за девица не е погодено

Остави коментар