Моден хороскоп за жени - Part 13

Моден хороскоп за жени

Риби

Рибите се прилично сензуални дами, вечни сонувачи кои својата природа вешто ја изразуваат преку гардеробата која ја носат. Овие сакаат лесна, лелеава облека, светкави парчиња во сина, светлозелена, виолетова и тиркизна боја, кои совршено им одговараат. Често жените-Риби ја користат секоја прилика за да облечат свечен фустан или здолниште пред панталоните, кои не им се омилено парче облека.

(23) moden-horoskop-za-zheni-kafepauza.mk

Фетиш на типичните Риби се високите потпетици. Имаат бесконечен број чевли во својот орман, кои ги комбинираат со хулахопки во различни бои и дезени. Овие жени знаат да се трансформираат со помош на облеката, соодветно на пригодата за која се подготвуваат (Мирослава Дума).

Доколку е потребно да ги сокријат вишокот килограми, овие жени многу добро го прават тоа, купувајќи облека која им одговара на нивната фигура. Едноставно умеат да ја комбинираат гардеробата како никој друг, да го одберат она што најдобро им прилега и да направат совршена комбинација од наизглед просечни парчиња, оставајќи добар пример за останатите.

(24) moden-horoskop-za-zheni-kafepauza.mk

Посебно им прилегаат големите ѓердани кои се нивен заштитен знак, но покрај нив ги сакаат и големите впечатливи прстени со драгоцени камени во тиркизна боја. Често можете да ги сретнете во секојдневна комбинација со уникатна марама, која дава една елегантна нота на облекувањето. Ноктите секогаш се истакнати со модерен лак, а целокупниот изглед на овие жени остава впечаток на мистичност и неодоливост.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. AstroTarot Reply

    Odlican horoskop, savrsene kombinacije taman kako ih ija nosim, pogodjeno u sridu:)

  2. Анонимен Reply

    🙂

  3. teodora/stefanija Reply

    ни за риби ни за девица не е погодено

Остави коментар