Моден хороскоп за жени - Part 12

Моден хороскоп за жени

Водолија

Водолиите се прекрасни жени! Тие се најчесто типови жени кои претставуваат музи за модните креатори. Ова се жени кои не се облекуваат по најнова мода и не ги пратат модните трендови бидејќи за нив тоа е минлива категорија.

(21) moden-horoskop-za-zheni-kafepauza.mk

Тие ќе го облечат она што никогаш не би помислиле да го облечете, како тренерки и чевли, елегантни чевли и дебели чорапи и слични комбинации заради кои сите ги гледаат како да се од некој паралелен свет, но со текот на времето почнуваат да ги диктираат тие луди модни комбинации. Имаат неверојатна моќ да ги предвидуваат модните трендови за претстојниот период, па затоа типичните претставници на Водолиите се одлични модни советници за тоа што може да биде модерно во блиска иднина.

Колку и да се вљубени во брендираните парчиња облека, толку немаат проблем со тоа да носат нешто старо, од пред десетици години. Тие не се грижат дали нешто што ќе облечат на нив ќе изгледа скапо или евтино бидејќи знаат точно што сакаат и како тоа да го искомбинираат за да изгледа како штотуку да се симнале од италијанска модна писта.

(22) moden-horoskop-za-zheni-kafepauza.mk

Препознатливи се по многуте бои, асиметричните линии и неспоивите материјали, но и секогаш уредната коса, која е нивна силна страна (Џенифер Анистон). Жените-Водолии им пркосат на модните трендови со сопствениот стил, кој можеби е инспирација за некој познат врвен дизајнер.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. AstroTarot Reply

    Odlican horoskop, savrsene kombinacije taman kako ih ija nosim, pogodjeno u sridu:)

  2. Анонимен Reply

    🙂

  3. teodora/stefanija Reply

    ни за риби ни за девица не е погодено

Остави коментар