Моден хороскоп за жени - Part 11

Моден хороскоп за жени

Јарец

Жените-Јарци се во најмала рака авангардни, тие имаат држење како припаднички на високите елитни слоеви (Кејт Мидлтон), а гардеробата во овој случај игра споредна улога. Тие се жени кои пленат со природната убавина, кои се безусловно заљубени во класичниот и едноставен стил, а што се однесува до боите, никогаш нема да ги видите во нешто шарено затоа што тоа е премногу кич за нивниот вкус. Кога станува збор за накитот, типичните претставнички на овој знак никогаш не сакаат да претеруваат со какви било детали.

(19) moden-horoskop-za-zheni-kafepauza.mk

За нив доволен е еден квалитетен, прилично воочлив часовник, за да се чувствуваат потполно во поглед на аксесоарите. Од материјалите кои ги носат на себе претпочитаат да одбегнуваат полиестер или каков било друг неквалитетен материјал. Колку што ја сакаат природата и животните, толку многу сакаат да носат гардероба од природни материјали.

Во суштина, се работи за витки жени коишто имаат завидна фигура и со гордост може да носат добро скроени одела, припиени панталони, здолништа со високи шлицови, а ги сакаат и гламурозните фустани во црна или сива нијанса. Она што е главниот адут кај овие жени се долгите, манекенски нозе кои гледаат да ги истакнат на секој можен начин (Кејт Мос).

(20) moden-horoskop-za-zheni-kafepauza.mk

Јарците најдобро ја прифаќаат промената на стилот, поради одреден кодекс на облекување (најчесто поради работа), бидејќи за нив тоа е нешто нормално колку и да се разликува деловниот стил од нивните парчиња облека кои ги носат приватно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. AstroTarot Reply

    Odlican horoskop, savrsene kombinacije taman kako ih ija nosim, pogodjeno u sridu:)

  2. Анонимен Reply

    🙂

  3. teodora/stefanija Reply

    ни за риби ни за девица не е погодено

Остави коментар