Моден хороскоп за жени - Part 10

Моден хороскоп за жени

Стрелец

Жените родени во знакот на Стрелецот се вечни оптимисти, со слободен дух кој посебно доаѓа до израз кога станува збор за нивниот стил на облекување (Мила Јовович). На овие жени не им се важни трендовите и она што е во моментот актуелно во светот на модата. Тие се раководат според некој сопствен стил кои го градат некаде во подоцнежните години, до кога прилично лутаат со стиловите. Најпроверена комбинација им се брендираните фармерки, патики или чизми и совршени очила за сонце, како доволен моден детаљ.

(17) moden-horoskop-za-zheni-kafepauza.mk

Типичните претставнички на овој знак се прилично едноставни жени кои доколку не можат да го пронајдат својот стил во некои елегантни парчиња, најчесто одбираат комбинации кои одлично поминуваат во секоја пригода, како што се добриот пар фармерки и совршените чевли. Тие ги обожаваат кошулите од пријатни материјали, удобните потпетици, кожните јакни и оригиналните шешири. Не купуваат често, но кога се спремни за шопинг, точно знаат во кои продавници да се упатат.

Идеален избор за жените-Стрелци се кратките шорцеви, не поради тоа што се премногу срамежливи за да носат кратки здолништа, баш напротив – тие се жени без комплекси и предрасуди. Облеката која ја носат пред сè мора да биде удобна, која им прилега на нивниот авантуристички дух.

(18) moden-horoskop-za-zheni-kafepauza.mk

Доколку познавате некоја дама-Стрелец, знаете дека покрај себе имате потполно природна личност, која не поминува премногу време пред огледалото, поправајќи ја шминката или местејќи ја претесната маичка.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. AstroTarot Reply

    Odlican horoskop, savrsene kombinacije taman kako ih ija nosim, pogodjeno u sridu:)

  2. Анонимен Reply

    🙂

  3. teodora/stefanija Reply

    ни за риби ни за девица не е погодено

Остави коментар