Љубовна астрологија: Дознајте сè за вашиот иден партнер!

Љубовна астрологија: Дознајте сè за вашиот иден партнер!

Секој знак има свој единствен сет на особини и одлики, односно хороскопот може да ни послужи како помошник за важен љубовен состанок. Ѕвездите имаат моќ да нè упатат во она што можеме да го очекуваме од нашиот иден партнер кога станува збор за неговото однесување во врската. Кој ќе ве насмее до солзи, а кој нема да ви одговори ниту на вашата порака? Положбата на ѕвездите го крие одговорот!

1-ljubovna-astrologija-doznajte-se-za-vashiot-iden-partner-www.kafepauza.mk_

Овен

Предности: Родените во овој знак се спремни за секаков вид забава и авантура, но и вас ќе ве заразат со својата позитивна енергија.

Маани: Умеат да бидат многу строги кон себе, односно доколку доживеат неуспех, нека не ве чуди ако потполно ве исклучат од нивниот живот.

Бик

Предности: Со нив ќе се чувствувате сигурно и заштитено. Поголемиот дел од припадниците на овој знак се вешти во готвењето, а вие само треба да се препуштите и да уживате.

Маани: Понекогаш се доста мрзеливи и не сакаат да се занимаваат со продуктивни активности. Доколку мислите дека ова нема да ви претставува проблем, поради вашите преговарачки способности, тогаш сетете се за легендата за тврдоглавоста на овој знак.

Близнаци

Предности: Никогаш нема да се почувствувате запоставено во врската со Близнаците, бидејќи вашите потреби ќе им бидат на прво место. Тие се одлични партнери за разговор, односно воопшто не треба да се грижите за недостатокот на теми или непријатната тишина.

Маани: Премногу се интелигентни, па понекогаш можат да бидат многу напорни кога станува збор за преносот на информации кои вас и не ве интересираат толку.

Рак

Предности: Ракот е знак во кој можете да имате целосна доверба. Не се плашат од врзување, па затоа тие се еден од најдобрите избори доколку сакате долга врска.

Маани: Промените на расположението се типични за овој, најемотивен знак во хороскопот. Во еден момент може да ви изгледа како најсреќната личност на светот, а во наредниот да биде подложен на депресивна состојба…

2-ljubovna-astrologija-doznajte-se-za-vashiot-iden-partner-www.kafepauza.mk_

Лав

Предности: Нивниот хумор, можноста да направат сè позабавно и поинтересно, сигурно пополно ќе ве освои.

Недостатоци: Лавовите не се познати по својата чувствителност спрема другите. Па доколку ве повредат, не само што нема да им биде жал, туку нема ниту да сфатат каде погрешиле.

Девица

Предности: Мажите Девици се многу внимателни кон своите партнерки. Никогаш нема да ви дозволат да заминете дома без да ве испратат, ниту пак ќе ви направат некакво зло.

Маани: Секој разговор ќе биде залуден доколку Девицата западне во лош период. Многу се критични кон себе и не прифаќаат ничија помош или совет.

Вага

Предности: Дали знаевте дека Вагите се најдобрите луѓе, судејќи според хороскопот? Имаат неверојатна способност за флерт, што ќе направи да се чувствувате неодоливо и атрактивно.

Маани: Многу мразат конфликти, но и разделби, па затоа не очекувајте пријатно раскинување. Доколку им досадите, ќе исчезнат од вашиот живот без никакви претходни навестувања.

Скорпија

Предности: Конекцијата со Скорпијата е на многу длабоко, интензивно ниво, како сексуално, така и емотивно. Познати по својата страст, Скорпијата со сигурност ќе биде вашиот најдобар партнер во креветот.

Мани: Горенаведените факти може да бидат и многу лоши за вас. Доколку Скорпијата сака сериозна врска, нејзината сериозност и можна љубомора може да делуваат застрашувачко.

4-ljubovna-astrologija-doznajte-se-za-vashiot-iden-partner-www.kafepauza.mk_

Стрелец

Предности: Уште на првиот состанок со Стрелецот ќе доживеете смеење до солзи. Овој знак е познат по организирањето на добра забава, желбата за запознавање нови луѓе и испробувањето нови работи.

Маани: Не сакаат долго да се задржуваат на едно место, односно ќе биде вистински предизвик да ги натерате да посакаат нешто повеќе од привременото гледање.

Јарец

Предности: Не грижете се, доколку вашиот маж е Јарец во хороскоп, изневерувањето за него е мисловна именка. Припадниците на овој знак, се многу вешти во приредувањето изненадувања, не само за вашата годишнина и роденден, туку и без некоја конкретна причина.

Маани: Манипулацијата е нивна игра! Во врската со нив можете да се чувствувате неконтролирано, заробено и несреќно, бидејќи обрнуваат внимание главно на себе.

Водолија

Предности: Припадниците на овој знак се многу опуштени, па затоа со нив ќе се чувствувате многу пријатно. Секогаш се за испробување нови работи, без разлика дали е во прашање некоја храна или скокање со падобран.

Маани: Водолиите може да станат агресивни доколку почувствуваат дека ја губат контролата над врската. Желбата за докажување на машкоста, на одредени жени може многу да им пречи.

Риби

Предности: Освен тоа што ќе бидат ваш верен партнер, мажот роден во знак Риби ќе стане и вашиот најдобар другар. Тој има моќ да ве разбере вас, но и вашата емотивна страна, што го прави совршен животен сопатник.

Маани: Неретко се случуваат проблеми во комуникацијата со Рибите. Нивните емоции не се тешки за повредување, а доколку тоа го направите, тие нема да ви кажат во што е проблемот. Ќе морате самите да откриете.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар