Која е омилената закуска на секој хороскопски знак?
Вага: Јагоди со чоколадо
Бидејќи сакате малку романтика со вашата храна, јагодите со чоколадо се совршениот оброк за вас. Чоколадото ја задоволува вашата потреба за благо, а јагодите се одлични кога сакате нешто освежувачко.
Скорпија: Сендвич со кашкавал
Понекогаш за вас сендвичот со кашкавал е подобар и од секс. Растопениот кашкавал и препечениот леб го задоволуваат секое ваше сетило.
Стрелец: Егзотична кујна
Вие би пробале секаков вид храна, без разлика колку е необична. Вие сакате странски кујни и чудни комбинации на вкусови бидејќи знаете дека вкусот е патување, а не дестинација.
Јарец: Појадок во кое било време од денот
Вие сакате да се будите рано за да имате време за сите ваши обврски, па здравиот појадок е најважниот оброк за вас. Шолјата кафе и палачинките секогаш ви го будат чувството на глад.
Водолија: Пица
Вие сакате да споделувате и да создавате пријатели дури и за време на оброк. Поради ова пицата е секогаш одличен избор. Ви ја носат до вашиот дом, а може да ви се придружи секој.
Риби: Секаков вид слатки
Кога одбирате ужина, таа треба да ве врати во детството. Патот до продавницата за десерти ве прави навистина среќни. Малку слатко и малку кисело, и вие се наоѓате во рајот.
Дознајте и кој е омилениот појадок на секој хороскопски знак.