Кои се најскриените мисли на хороскопските знаци што никогаш не би ги изговориле на глас?
Лав
Лавот воопшто не се воздржува. Сака да биде во центар на вниманието и обично е многу директен и отворен. Понекогаш може да делува арогантно и напорно. Добро знае кој е и што сака.
Најскриена мисла: „Сите мислат дека сум најдобар/ра.“
Девица
Девиците секогаш размислуваат логички. Ако некогаш имате некој голем проблем, обратете им се на Девиците и тие веднаш ќе ви го понудат најдоброто решение. Доколку Девица е вашиот хороскопски знак, внимавајте логиката да не ви ја убие емпатијата.
Најскриена мисла: „Знам дека сум најпаметен/на, не мора да ми кажеш.“
Вага
Вагата е позната по нејзината љубов кон урамнотеженоста и постојано се труди да ја постигне. Тоа се однесува и на нејзиниот ум. Вагите самите ја создаваат нивната среќа, не очекуваат самата да им се појави.
Најскриена мисла: „Може ли да престанеме со карање, те молам?“
Скорпија
Луѓето честопати се плашат од ставот на Скорпијата. Тие се секогаш мистериозни и дури и по некој длабок разговор, тешко дека ќе можете да ги откриете нивните мисли. Тие го менуваат расположението во секунда.
Најскриена мисла: „Немојте да се шегувате со мене. Не ми е денот.“
Продолжете на третата страница за последните 4 хороскопски знаци.