Кажете ни кој хороскопски знак сте и ние ќе ви ја откриеме тајната за совршена линија - Part 2

Кажете ни кој хороскопски знак сте и ние ќе ви ја откриеме тајната за совршена линија

Вага

И птиците на гранките знаат колку Вагите ги сакаат слатките, но им недостига дисциплина. Тие ќе преживеат дури и ако не земат нешто слатко во истиот момент штом ги отворат очите. Треба паметно да ги планираат оброците. Бидејќи се родени дегустатори, потребни им се неколку помали оброци за цел ден да им се радуваат на новите вкусови. Посебно паѓаат на зачините. И тоа е одлично – секогаш е подобро да ги одбираат зачинетите јадења, наместо оние што се богати со калории.

Скорпија

Скорпиите се движат од крајност во крајност. Или ја сакаат храната повеќе од Бикот или гладуваат. Пред да ја коригираат исхраната, тие треба да се научат на умереност. Ним не им е потребна диета. Сѐ што им е потребно е правилно да ги распоредат оброците, да јадат на секои три до четири часа и да го почитуваат правилното дневно внесување калории. Треба да избираат зеленчук и месо и слободно можат да се засладат по главното јадење со слатка напивка.

Стрелец

Стрелците се знаци што најтешко ги прифаќаат диетите, бидејќи не сакаат никакви ограничувања. Среќа во несреќа е тоа што воедно се и љубители на физичките активности. За нив не постои откажување, па така омилените јадења и напивки и понатаму се наоѓаат на нивната трпеза. Сепак, најверојатно е дека Кока-колата со оригинален вкус, ќе ја заменат со диетална, а белиот леб со интегрален. Ќе заштедат калории, а насмевката на лицето и понатаму ќе им биде тука.

3-kazhete-ni-koj-horoskopski-znak-ste-i-nie-kje-vi-ja-otkrieme-tajnata-za-sovrshena-linija-www.kafepauza.mk_

Јарец

Тие се традиционалисти кои најмногу уживаат во кујната на својата мајка и се вистински љубители на „тешката“ храна. Кога ќе помислат дека треба да намалат некој килограм, ги фаќа паничен напад. Тогаш, диетата воопшто нема ни да ја спомнуваме. Кујната на нивната мајка без сомнение е најдобра, а нивно е само да не ги прескокнуваат оброците и да ги ограничат порциите.

Водолија

Тие ретко имаат проблеми со килограмите, но бидејќи се многу дружељубиви, најголема мана им е тоа што постојано грицкаат нешто додека уживаат со пријателите. Најдобро е да се поштедат за време на ручекот, па слободно можат да се почестат со еден чизкејк. Или уште подобро е да се прескокне грицкањето со пријателите, па наместо тоа да испијат пијалак со засладувач.

Риби

Родените во овој знак и покрај тоа што често не се дисциплинарни, лесно прифаќаат нови производи во исхраната, а најмногу го мразат чувството на глад. И во право се! Никогаш немојте да гладувате, а за вашата линија најдобро ќе се погрижи медитеранската исхрана.

4-kazhete-ni-koj-horoskopski-znak-ste-i-nie-kje-vi-ja-otkrieme-tajnata-za-sovrshena-linija-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар