Каков тип маж барате (и заслужувате) во склад со вашиот хороскопски знак?
Поголемиот дел од времето, момците на кои налетувате не сакаат ништо сериозно со вас. Но, дури и кога ќе пронајдете маж кој е интересен и приземен, како да бидете сигурни дека нема да ви досади после неколку недели? Можеби не верувате многу во астрологијата, но не можете да негирате дека некогаш сте читале за вашиот знак и сте помислиле: „хм, како да ме опишале мене“.
Ако го проучите вашиот знак и дознаете колку е тој компатибилен со другите, тоа може да ви ги отвори очите. Можеби и не сте знаеле дека некои знаци ви одговараат подобро одошто други. Можеби сакате некој кој е забавен или пак некој кој ќе ве опсипува со подароци и ќе ве носи на патувања, но едно е сигурно – го заслужувате најдобриот. Па затоа, денес ви откриваме каков тип маж одговара на вашиот хороскопски знак.
Овен: Интелектуалец
Овните се неверојатно независни и логички суштества. Тие сакаат да бидат сами и се длабоки мислители. Жената Овен бара маж со кој често ќе се впушта во интелектуални разговори. Таа исто така сака партнери кои се искрени и сигурни во себе. Жената Овен нема време за глупости.
Бик: Мажи со силна волја
Бикот е еден од знаците кој најмногу сака да си угодува на себе. Тие ги сакаат своите мали уживања. Кога е во врска, Бикот е многу лојален партнер. Жената Бик сака маж кој е нурнат во љубов и страст. Таа исто така сака некој кој е самостоен, а ништо друго не ја привлекува повеќе од маж со силна волја.
Близнаци: Искрен маж
Близнаците сакаат да испробуваат нови работи. Тие се со авантуристички дух и дружељубиви, па така тие секогаш ќе очекуваат да држите чекор со нив, без разлика на ситуацијата. Жената Близнак сака маж кој без попречување ќе го каже своето мислење, но кој исто така може да биде разигран и забавен.
Рак: Маж со добро срце
Никој друг не е добар и чувствителен како Ракот (освен можеби Рибите). Ракот секогаш го сака она најдоброто за вас во врската, но тоа не значи дека можете да го искористите. Жената Рак сака маж кој е сличен како неа, некој кој е искрен, чесен и способен за здрав однос.
Лав: Кокетен маж
Лавот ја цени лојалноста и мотивираноста. Ако неговата друга половина ги нема тие особини, нивната врска многу брзо ќе се распадне. Жената Лав ќе бара маж кој е едноставен како неа. Таа сепак не е сосема сериозна. Жената Лав сака и партнер кој е великодушен и знае да кокетира.
Девица: Трпелив маж
Девицата е еден од знаците кој најмногу размислува и е најтаинствен. Таа никогаш не се отвора брзо пред другите, поради што односите со неа понекогаш знаат да бидат тешки. Тоа е причината поради која Девицата сака маж кој ќе бие трпелив. Доколку тој може да чека, Девицата ќе направи сѐ што е во нејзина моќ за неговото чекање да се исплати на крајот. Таа исто така сака некој кој стои цврсто со нозете на земја, некој кој ги поддржува нејзините избори, бидејќи на Девиците им е потребно многу време за интроспекција.
За следните 6 знаци продолжете на втората страница.