Како се однесува секој хороскопски знак на почетокот од љубовната врска?

Како се однесува секој хороскопски знак на почетокот од љубовната врска?

Ако веднаш знаете на што сте, бидејќи личноста која е заљубена во вас отворено ви ги искажува нејзините чувства, тогаш таа личност со сигурност не е Девица, Скорпија или Јарец. Карактеристиките од хороскопскиот знак одредуваат и како некој ќе се носи со пробудените чувства и како некој ќе се однесува спрема објектот на својата заинтересираност.

1-kako-se-odnesuva-sekoj-horoskopski-znak-na-pochetokot-od-ljubovnata-vrska-www.kafepauza.mk_

Овен

Тој ќе сака да дознае сè во врска со вас. Ќе ви постави бројни прашања и ќе имате впечаток дека е многу заинтересиран, што и е. Можеби нема да дознаете многу за неговите намери, сè додека не реши да се изрази, но ќе се чувствувате посебно, поради сето она што го интересира за вас.

Бик

Кога личност во знакот Бик е заинтересирана за вас, таа ќе ве тестира. Ќе имате впечаток дека не ви верува, што е точно. Бикот ќе држи штит, сè додека не му дадете причина да го спушти, бидејќи сака да се увери дека може да се опушти и да ужива.

Близнаци

Тие не знаат да го сокријат своето интересирање и ќе ви биде јасно дека се заљубени. Воопшто, тие многу слабо го сокриваат она што ги возбудува, занима и заноси, а особено љубовните чувства. Ако се сомневате дека за вас се интересира некој Близнак, најверојатно сте во право, и тоа ќе се потврди доколку му дадете и најмал знак дека сте расположени да возвратите.

Рак

Раковите ги карактеризира претпазлива заљубеност. Тие ќе ве засмеат и шармираат, бидејќи сакаат да уживате во нивното друштво, но не сакаат да ризикуваат да бидат одбиени, па затоа нема да бидете сигурни дали само сакаат да се дружат, или тука има и романтични чувства. Доколку ви се допаѓа Ракот, на кого и вие му се допаѓате, само препуштете се, тој ќе направи сè за да се чувствувате добро, да бидете галени и чувани. Нивните чувства се длабоки и трајни, но потребно им е време да се уверат дека нема да бидат повредени.

2-kako-se-odnesuva-sekoj-horoskopski-znak-na-pochetokot-od-ljubovnata-vrska-www.kafepauza.mk_

Лав

Лавовите се заштитнички настроени и сакаат чувство на припадност. Тој нема никаков проблем да ви припаѓа вам, но и вие треба да му припаѓате нему. Доколку не сте подготвени да се врзете, немојте да го охрабрувате, бидејќи ќе го повредите неговото его, а Лавот тоа не го опростува. Но, многу е веројатно дека ќе ве заведе со својата харизма и со својот недвосмислен став.

Девица

Нема да погодите дека сте центар на интересирање на една Девица, бидејќи таа сè успешно сокрива. Додека не провери дали е на сигурен терен, Девицата кон вас ќе се однесува како и кон сите останати. Во меѓувреме, таа ги извршува своите аналитички пресметки и ако добие задоволувачки резултат, ќе ги изрази своите чувства отворено – ќе биде преплашена, но ќе го направи тоа.

Вага

Личноста во знакот Вага ќе стане неодлучна. Вагите се големи љубовници во Зодијакот, но исто така се и големи застапници на мирот и стабилноста. Чувствата во нивниот живот внесуваат дебаланс и немир, па тие ќе се борат самите со себе и нема да бидат сигурни дали сакаат да се препуштат на тоа возбудливо, но хаотично возење. Вагите знаат дека не е лесно да се контролираат чувствата и да се насочуваат, па затоа не сакаат да робуваат, но на крајот нема да можат да го одбијат предизвикот. Искуствата со нив се многу интензивни.

Скорпија

Скорпијата успешно ќе сокрива, но доколку забележите дека ви обрнува внимание, бидете сигурни дека ве набљудува и спроведува внимателни детективски активности. Посветеноста на Скорпијата не се доведува до прашање, но на неа ѝ е потребно да биде уверена во вашето интересирање и верност, па доколку ви се допаѓа некоја Скорпија, уверете се дека ви се допаѓа само таа, единствена на свет.

4-kako-se-odnesuva-sekoj-horoskopski-znak-na-pochetokot-od-ljubovnata-vrska-www.kafepauza.mk_

Стрелец

Тие ќе сакаат да прават сè заедно со вас – ќе ве анимираат максимално, ќе сакаат да излезете, да ги обиколувате културните случувања, да одите на излет, да патувате заедно некаде каде што никогаш не сте биле. Стрелецот сака да види дали можете да го следите и да бидете неговиот нов „партнер во злочинот“, бидејќи врска со него мора да биде динамична, активна и занимлива, исто како и неговиот живот.

Јарец

Го интересира стабилност, организација, напредок и иднина. Ако не може да определи каде води евентуалната врска со вас, тогаш тој ќе се откаже. Ќе ја остави со жалење својата заинтересираност и загреаност и ќе се впушти во потрага шп некој со кого ќе знае на што е и каде оди.

Водолија

Водолиите се секогаш обземени од својата работа – тоа е нивната најважна врска – и ако одвојат време кое ќе го поминат со вас, тоа е сигурен знак за нивното интересирање. Тоа време тие сакаат да го поминат чувствувајќи се исполнето, интелектуално и емотивно, и ќе биде вистински предизвик и задоволство да им парирате на нивните широки интереси и отвореност.

Риби

Ако некоја Риба е заљубена во вас, веднаш ќе го знаете тоа. Најверојатно веќе ви напишала песна и поминала цела ноќ воздивнувајќи и мечтаејќи за вас. Кога Рибите ќе се заљубат, тоа веднаш е најјако и најдлабоко, нивните чувства се преплавуваат. Ќе бидете почестени со тоа колку ги инспирирате и за што сè се во состојба да направат за вас.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар