Како хороскопските знаци се справуваат со својата тага?
Ако верувате во астрологијата, тогаш сигурно ги знаете општите карактеристики на секој хороскопски знак, особено оние кои го сочинуваат вашиот. Вие знаете точно што може да ве изнервира, кои ви се негативни, а кои позитивни тенденции, па дури и која е вашата омилена секс поза. Но, дали знаете како вашиот знак реагира на тага? Погледнете како секој од хороскопските знаци се однесува кога е соочен со тагата…
Овен – Тие се импулсивни, заслепени од гнев и не успеваат да ги завршат своите секојдневни навики. Тие стануваат спротивни од тоа што се, со многу помалку ентузијазам.
Бик – Тие се изолираат, па можеби дури и почнуваат да се прејадуваат или да ја губат целата своја енергија. Имаат чувство дека се сами против светот, им недостасува трпение и лесно се разлутуваат.
Близнаци – Претерано размислуваат, стануваат тивки и делуваат како да се на некое друго место. Тие се прилично нетолерантни на тагата и затоа имаат тенденција да се одвојат од нивните емоции за да се заштитат.
Рак – Емоционални, бараат многу грижа од другите и плачат дури и по незначајни настани. Тие се склони на болки во стомакот и имаат чувство како да се изолирани од сите околу нив.
Лав – Тие го покажуваат својот стрес, но сепак добиваат чувство како да се на работ од нервен слом. Тие лесно избувнуваат и бараат многу грижа од другите. Имаат тенденција да се претворат во маченици.
Девица – Имаат засилени компулзии, се исклучуваат од разговорите и престануваат да одговараат. Тие го губат допирот со емоциите и стануваат спротивставени од тоа што всушност се.
Вага – Имаат чувство на нестабилност и неочекувани промени на расположението, со намалена потреба да се социјализираат. Често чувствуваат безнадежност, но се обидуваат да останат среќни и средени.
Скорпија – Стануваат насилни, изолирани и имаат силни промени на расположението. Тие покажуваат интензивна меланхолија проследена со параноја и мислите им стануваат страшни дури и за нив.
Стрелец – Се чувствуваат без енергија, а понекогаш земаат дури и супстанци за да избегаат. Тие стануваат посериозни и понапнати, помалку толерантни и се преплавени со емоции на грижа кога размислуваат за иднината.
Јарец – Тие ја губат својата мотивација, стануваат безнадежни и почнуваат претерано да размислуваат. Тие делуваат како да се на штрек, терајќи се себеси да поминат низ нештата, но ништо не ги импресионира.
Водолија – Стануваат непријатни и тивки. Тие се изолираат од другите, но и од себе, дури и покрај тоа што се обидуваат да делуваат среќно.
Риби – Имаат опсесивно размислување и ги помнат сите лоши настани кои им се случиле. Тие стануваат анксиозни, изолирани и имаат тенденција да чувствуваат сè.