Каде треба да отпатувате ова лето според вашиот хороскопски знак?
Вага: Париз, Франција
Романтичните Ваги одново и одново ќе се вљубуваат во Париз. Некои ќе сметаат и дека ова е најубавиот град во светот. Во градот кој инспирира безброј поети и режисери можеби ќе ја пронајдете и вашата сродна душа.
Скорпија: Хонолулу, Хаваи
Иако Скорпиите сакаат мистерии, тие сакаат и да знаат што ги очекува на одморот. Па некое луксузно одморалиште во Хонолулу е совршениот избор за вас. Кога ќе бидете подготвени за излегување можете да ја истражите природата.
Стрелец: Мачи Пикчу, Перу
Стрелците се љубители на авантурата и тие не сакаат одмор, туку вистинско патување. Па, искачувањето до древниот Мачи Пикчу навистина ќе ги исполни. Овде ќе излезете од вашата удобна зона и ќе се чувствувате неверојатно.
Јарец: Лондон, Англија
Јарците ќе бидат инспирирани од историјата на овој град. Овде ќе научите сè за неговото минато и ќе се чувствувате навистина добро додека ја фотографирате Бакингемската палата.
Водолија: Џаипур, Индија
Водолиите сакаат да ги сработуваат нештата на свој начин. Па, посетувањето на град богат со култура е одличен одмор за вас. Архитектурата е неверојатна и ќе се чувствувате како да сте во друга реалност.
Риби: Кјото, Јапонија
Чувствителните Риби ќе се чувствуваат како дома во Кјото. Природата на ова место е навистина уникатна. Помеѓу црешовите дрвја и шумите со бамбус, ќе се чувствувате неверојатно. Овој град како да е направен за оние кои го ценат духовното.
Доколку не сакате да патувате сами, погледнете кои хороскопски знаци се најдобри пријатели за патување.