Хороскопски знаци кои се најсклони на љубомора
Љубомората е чувство кое е тешко да се контролира, но исто така е и многу нездрава, непродуктивна и прави да се чувствуваме исклучено и незадоволно. Сепак љубомората е природна и инстинктивна емоција што секој од нас ја искусува во текот на животот. Прочитајте дали вашиот знак е посклон кон љубомора од другите.
Овен
На Овните им е потребна целосна доверба бидејќи тие ги презираат лажењето и лицемерието. Тие можат да станат многу љубоморни, а понекогаш се и жртви на неподнослива љубомора поради недостигот на верување и чувството на несигурност. Во вакви ситуации најдобро е да разговараат со нивните партнери наместо да бегаат од проблемот.
Бик
Биковите сакаат среќно семејство, како и здрав и хармоничен дом. Ако почувствуваат и најмал сомнеж тие ќе почнат да „истражуваат“ и можат да предизвикаат вистинска љубоморна сцена.
Близнаци
Луѓето родени во овој знак не се склони кон љубомора, но понекогаш знаат да ја почувствуваат без некоја посебна причина. Близнаците се свесни дека се склони кон неверство, па претпоставуваат дека и другите не се толку верни. Овој сомнеж понекогаш ги тера да бараат докази за неверство и тоа ги прави многу несреќни.
Рак
Раковите речиси никогаш не чувствуваат љубомора бидејќи секогаш се лудо вљубени. Со нивната посветеност кон партнерот тие не можат ни да замислат дека би биле излажани. Но, кога ќе најдат причина да бидат љубоморни тоа може навистина да ги потресе. Ако Раковите научат да простуваат тие ќе бидат многу посреќни.
Лав
Лавовите обично се љубоморни поради нивната повредена гордост или поради стравот дека не се доволно љубени и почитувани. Па, кога Лавот ќе „заржи“, тоа повеќе го прави поради изгубената моќ отколку за изгубената љубов. Тие знаат да очекуваат премногу од нивните партнери.
Девица
Некои Девици уживаат кога ќе предизвикаат љубомора кај некој друг. Партнерот на Девицата порано или подоцна ќе почувствува дека има „споредна улога“ и ќе почне да се чувствува љубоморен.
Вага
Вагите едноставно ги обожаваат нивните партнери. Тие воопшто не се љубоморни, но ако нивниот партнер ја искористи нивната толеранција, Вагите можат да станат непредвидливи и опасни. Најдоброто нешто што можат да го направат е да избегнуваат конфликти.
Скорпија
Скорпиите зрачат со љубомора. Луѓето родени во овој знак се љубоморни на секој што застанал до нивниот партнер. Проблемот е во тоа што тие не можат да ги контролираат нивните чувства, дури и кога станува збор за љубомора.
Стрелец
Стрелците не признаваат дека се љубоморни бидејќи тоа би било под нивното достоинство. Но, тие никогаш нема да простат или да заборават неверство. Најдобро веднаш да ја тргнете и најмалата причина за љубомора кај Стрелците за да не претворите нешто во проблем без решение.
Јарец
Јарците не можат да простат или да заборават лошо искуство. Изненадувачки, тие не се многу љубоморни, па никогаш нема да ги истражуваат постапките на нивните партнери. Но, ако дознаат дека биле изневерени, тие ќе ја „треснат вратата“ и ќе ѝстават крај на врската.
Водолија
Водолиите не чувствуваат љубомора. Тие обично не страдаат, ама и кога страдаат ќе се обидат да го сокријат тоа. Штом ќе бидат изневерни нема да бараат причина за простување, тие едноставно ќе си заминат.
Риби
Љубомората е постојан придружник на Рибите. Луѓето родени во овој знак обично бараат многу љубов и внимание од нивните партнери. И кога нивните очекувања не се исполнети, Рибите се повлекуваат. Многу често не можат да простат дури и за најмалите грешки.
Прочитајте го и точниот процент на љубомора кој го чувствува секој знак во љубовните врски.