Хороскопот и страста: Лавот е театрален, Бикот ќе ви донесе јагоди во кревет
Вага
Вагите сакаат да флертуваат. Сакаат да им помагаат на другите и да направат тие да се почувствуваат посакувано. Тие сакаат да водат љубов, па затоа за нив сѐ е водење љубов. Толку се романтични што ќе помислите дека тоа е премногу и дека никогаш нема да стигнете до спалната соба. Морате да им нагласите дека не сте само заљубени во нив, туку и дека копнеете по нив. Ја сакаат предиграта и ништо не ги возбудува како што е секси долна облека. Имаат доста високи критериуми кога е раскинувањето во прашање, па затоа добро размислите пред да се впуштите во врска со личност која е родена во знакот Вага. Уживаат во флертувањето, не мислат ништо лошо, но за нив тоа е едноставно игра.
Скорпија
Водењето љубов е од исклучително значење за Скорпиите. Тие се далеку над обичната страст, кај нив има ерупции, експлозии од страст. Тие навистина имаат отров во опашот и најмалата ситница може да го активира. Кога ќе изберат партнер, тие се многу верни и секогаш подготвени. Обично имаат многу малку пријатели кога се во врска. Имаат моќен поглед, па така немојте премногу долго да ги гледате во очи, освен ако не сте 100% сигурни дека сакате да бидете со нив. Најчесто имаат некои фетиши и сакаат да се вклучат кога е истражувањето на фантазијата во прашање.
Стрелец
Кога сте со личност родена во знакот Стрелец, тоа е играње со оган, во вистинска смисла на зборот. Страсни се и немојте да се изненадите ако не се посветени само на вас. Тие се многу забавни и топли личности. Не сакаат кога им се загрозува животниот простор и затоа може да помине доста време пред да го видите нивниот дом. Една од нивните маани е тоа што сѐ брзо им досадува и нивната мала црна книга е главно пополнета со броеви од бившите партнери.
Јарец
Може многу да им се допаѓате на Јарците, но тоа нема да ви го покажат сѐ додека не забележат искри од ваша страна. Доста сериозно пристапуваат на водењето љубов и тука нема место за игра и забава. Доколку сакате сериозна врска на долг период, Јарците се вистинскиот избор за вас. Со двете нозе стојат цврсто на земјата, и ќе бидат тука за вас и во добро и во лошо. Единствено, не очекувајте романтика од нив.
Водолија
Кога е љубовта во прашање, целосно сте непредвидливи. Тие не копнеат само за вашето тело, туку и за умот и тоа ќе ви го дадат до знаење. Понекогаш ќе ги фатите како замислени ја планираат вашата врска, со години нанапред. Имаат бујна фантазија и доста се вешти кога е водењето љубов во прашање. Очекувајте памучна, бела постела прекриена со ливчиња од ружа.
Риби
Рибите се најсензуалниот хороскопски знак и за нив водењето љубов е вистински уметнички чин. Како да се во состојба да ги читаат мислите на партнерот и да создадат спиритуална врска со него. Можете да се фатите себеси како ги исполнувате фантазиите на вашиот партнер, а кога ќе го сфатите тоа веќе е доцна, бидејќи сте врзани со сатенски, розови лисици. Доколку се заљубите во овој знак вашите потреби ќе станат и нивни. Сакаат да се грижат за другите и ако се смирите со личноста во знакот Риби, ќе имате совршен дом во кој со задоволство ќе се враќате после напорниот ден.