Ѕвездите и косата: Одберете ја совршената фризура за вашиот хороскопски знак

Ѕвездите и косата: Одберете ја совршената фризура за вашиот хороскопски знак

Најчесто нашите фризури ги бираме според видот на косата, обликот на лицето, бојата на тенот и очите, како и вкусот. Но, вие исто така можете да ја одберете најсоодветната фризура за вашиот карактер и според хороскопскиот знак. Без разлика дали сте елегантен Бик, конзервативна Девица, шик Вага или некој од другите знаци, дознајте која е вашата идеална фризура…

Овен

(1) Ѕвездите и косата: Одберете ја совршената фризура за вашиот хороскопски знак

Овните најчесто имаат густа и виткана коса со дебело влакно. Тие ги обожаваат изразените бои и нијанси кои се драматични, со цел да привлечат внимание кон себе. Затоа и често одбираат несвојствена боја за коса. Знаат да бидат непрактични и забораваат да го прашаат фризерот дали фризурата која ја одбрале е лесна или тешка за одржување, па токму затоа и често завршуваат со фризура која не е соодветна за нивниот вид коса и често се фрустрирани поради тоа.

Совет: Истакнете ги локните со различни видови фризури наменети за нив.

Бик

(2) Ѕвездите и косата: Одберете ја совршената фризура за вашиот хороскопски знак

Практичните и елегантни Бикови ги сакаат традиционалните и женствени бои и фризури кои се едноставни за одржување. Нивната идеална фризура за денот е уредно скратена коса која изгледа добро дури и кога немаат време за чешлање. За вечерта, тие се сосема спротивни – обожаваат да одбираат нападни и бушави фризури.

Совет: Детално објаснете му на фризерот што точно сакате да добиете со вашата фризура.

Близнаци

(3) Ѕвездите и косата: Одберете ја совршената фризура за вашиот хороскопски знак

Близнаците обожаваат необични фризури и често сакаат да ги менуваат, копирајќи го стилот на омилените славни ликови. Тие се подготвени да направат сè со цел да ја добијат онаа фризура која ја носи нивната омилена актерка, дури и ако треба секое утро да поминуваат по 1 час во подготовка.

Совет: Оваа есен одлучете се за единствена боја на косата по која ќе бидете препознатливи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар