Дознајте кое вино треба да го пиете според вашиот хороскопски знак
Вага: Lambrusco
Сè е до балансот, а има ли подобар начин да се одржи рамнотежата од тоа да се испие чаша пенливо црвено вино? Не сите видови се слатки, некои се дури и суви надополнети со овошна арома. Ова вино е познато по тоа што ги зближува луѓето, па затоа разбудете ја вашата домаќинска природа и соберете ги пријателите на ручек.
Скорпија: Sauvignon Blanc
Вашата искреност ги привлекува луѓето, а истото може да се каже и за ова бело вино. Со многу мало количество шеќер и сув финиш, ова добро бело вино се претставува токму онакво какво што е – неоспорен квалитет.
Стрелец: Chardonnay
Ова богато бело вино секогаш успева да ја извлече насмевката на вашето лице и одговара совршено со вашата добра смисла за хумор. А со оглед на тоа што секогаш сте подготвени за авантура во природа, ова е одличен избор за сите ваши летни прошетки. Може ли да ви препорачаме чаша Шардоне на врвот на планината што планирате да ја искачите?
Јарец: Cabernet Sauvignon
Познато по грозјето со дебела лушпа и богатата арома, ова вино совршено одговара на вашиот вкус. Спојте го со класичната вечера која се состои од печено месо и компири и уживајте во вашиот допир со софистицираната традиција.
Водолија: Orange
Вашата независност и ексцентричност ви кажува дека ви треба вино кое е исто толку уникатно како и самите вие. Направено од бело грозје кое сè уште ја содржи лушпата (причината за портокаловата боја на виното), силната блага арома на ова портокалово вино совршено одговара на вашата неконвенционална природа.
Риби: Rosé
Нежни и добри по природа, вашиот совршен избор се крие во овој летен микс. Одберете полу слатка француска сорта (послужена ладна, се разбира) која одлично одговара со салати и вашата бескрајна чувствителност.