Дознајте каде треба да патувате летово според вашиот хороскопски знак
Вага – Париз, Франција
На Вагите им треба романтично, естетски убаво и скапо место за одмор. Дури и да патувате сами, сигурно ќе запознаете некого во градот на љубовта. Вкусна храна, добри вина, релаксирачки прошетки и луксузни ресторани е она што им треба на Вагите ова лето.
Скорпија – Панама
Скорпијата е воден знак кој си ја цени приватноста, па затоа оваа изолирана област покрај вода ќе му помогне да си ги смири бурните емоции и ќе му даде простор да се ослободи од стресовите на секојдневниот живот. Самотијата е многу важна за овој хороскопски знак, па затоа за него важи правилото: Што подалеку, тоа подобро.
Стрелец – Автостоп патување низ Европа
Ако мислевте дека една дестинација за одмор ќе ги задоволи потребите на Стрелецот, сте се излажале. Тие се неверојатно жедни за патување. Најдобрата опција за нив е да патуваат автостоп низ Европа и да застануваат на музичките фестивали што ќе ги начекаат или да разгледаат кои се најевтините опции за превоз со автобуси и возови и да одат од една земја во друга.
Јарец – Санкт Петербург, Русија
Јарците сакаат да имаат елегантен одмор со стил. Тие имаат скап вкус и го прифаќаат само најдоброто. Не им треба плажа за летниот период, но им треба нешто што ќе направи да се чувствуваат богато и префинето. Санкт Петербург е скапоцениот на камен на царството на Романови и има богата историја. Сите модерни Јарци ќе уживаат во оперите, балетите и концертите што ги нуди рускиот културен живот.
Водолија – Мачу Пикчу, Перу
Водолиите по природа се големи истражувачи и тие би сакале да одат некаде каде што никој друг не би одел. Неистражените предели и мистериозните локации се нештата што навистина ги возбудуваат. Богатата историја на Перу, мистериозните Инки и урнатините на Мачу Пикчу се одличен избор бидејќи на Водолиите ќе им дадат слобода да ја истражуваат областа пеш и притоа нема да бидат ограничени од туристички водичи.
Риби – Бали, Индонезија
На Рибите им треба место што го нема на мапата, без Интернет и телефони. Нивниот совршен одмор е покрај вода каде што ќе можат да си ги смират чувствителните души. Бали во Индонезија нуди прекрасни плажи и волшебни зајдисонца. Освен тоа, се наоѓа доволно далеку за да можат да го пронајдат внатрешниот мир и да побегнат од стресното секојдневие на урбаниот живот.
Во продолжение дознајте како е кога сите хороскопски знаци ќе тргнат заедно на пат…