Астролошки профил на родените во знакот Вага
(23 септември – 22 октомври)
Вагата постојано е во потрага по баланс, без разлика дали станува збор за односите во љубовната врска, со пријателите или изборот на боите на облека. Овој знак преферира да „носи“ розови очила, со кои нема да ги гледа негативните работи кои се случуваат околу него, со цел да го задржи оптимизмот. Се смета за еден од најљубезните знаци во зодијакот и експерт во социјализирањето со луѓе.
Влијанието на водечката планета на Вагите, Венера им создава потреба за одобрение од страна на другите луѓе. Уште поважно, Вагата сака другите да имаат потреба од нејзиното друштво. Таа е способна да ги решава и најкомплексните ситуации на нејзин уникатен начин. Вагата е грациозен победник, кој размислува за оние кои ги покорила. Но, ако не внимава може да изусти многу бездушни работи кои дефинитивно нема да ѝ одат во прилог на победата.
Мозокот на Вагата
Вагата има чувство за фер игра. Таа не може да се помири со фактот дека неправдите се дел од секојдневниот живот. Не е важно дали станува збор за некоја ситница како на пример делење чоколадо на две нееднакви делови или нешто многу значајно како поделба на територија. Според неа, сè мора да биде еднакво бидејќи не може да го поднесе фактот некој да успева на туѓа слава.
Чувство за рационалност
И покрај тоа што Вагите оставаат впечаток на весели луѓе со позитивен пристап кон животот, под таа маска се крие ладен и бистар ум. На нив нема да им смета да ви го кажат точно она што го мислат за вас. Многу често Вагата знае да претерува во забелешките кои ги упатува кон другите луѓе.
Колебање
Вагата е позната по нејзината особина да „мери“ кој е подобар избор меѓу две опции и овој процес на одлучување може да потрае подолго време, сè додека не ја донесе вистинската одлука. Во тој контекст, брзото одлучување е тешка задача за нив.
Секогаш во право
Друга особина на Вагите е нивното верување дека се секогаш во право. Така размислуваат бидејќи секогаш внимателно ги разгледуваат аспектите на ситуациите и нивното внатрешно чувство на праведност „им кажува“ дека се во право. Дали е тоа навистина така? Најверојатно не е, но не обидувајте се да се карате со Вага. Ако се спротивставите, тоа ќе ве доведе само до една исцрпувачка дискусија, во која на крајот тотално разлутени ќе морате да се предадете.
Убавина
Вагата има постојана потреба да изгледа убаво и чисто. И мажите и жените родени во овој знак, поминуваат долго време пред огледало, за да се уверат дека изгледаат чисто, дотерано и фризурата им е средена. Чувството на убавина им помага на Вагите да се чувствуваат урамнотежено. Нивниот дом сакаат секогаш да им изгледа стилски средено и да мириса на свежо набрани цвеќиња. На крајот од краиштата, светот е полн со неправди, па доколку куќата на Вагата не би била прекрасна, каде би го барала балансот во сета таа безначајност и алчност?!
Односи со семејството и пријателите
Вагата обожува да биде помеѓу луѓе и сака да се забавува. Таа е особено „во елемент“ кога има некој близок пријател или љубовен партнер до неа. Вагите повеќе од било кој друг знак го разбираат големото значење на спријателувањето со што повеќе луѓе и таа често има полза од цврстите врски кои ги гради. Пријателите на Вагата секогаш доаѓаат кај неа да побараат љубовен совет, а таа ќе биде желна да им помогне со добар муабет. Има развиена смисла за хумор и често пронаоѓа шега во работи кои останатите присутни луѓе најверојатно би ги игнорирале.
Вагата најчесто е миротворецот во семејството. Додека во јавност Вагата жестоко се бори за своите права, во приватниот живот сака мирни односи. Со текот на годините ќе сфати дека има неколку луѓе на кои ќе налетува цел живот, во непланирани ситуации.
Романтичната страна на Вагата
Овој хороскопски знак е нежен и романтичен во љубовта, кој ужива во безопасни пријателски флертувања. Вагата треба да внимава да не биде погрешно сфатена од оние кои не ја разбираат палавата природа на овој знак. Кога има несогласување со својот љубовен партнер, Вагата и понатаму се однесува со почит и интегритет, измазнувајќи ги „рапавите“ делови на дискусијата. Овој знак не се плаши да си прави самоанализи за да ги открие работите кои ги очекува од животот и љубовта.
Професии
Овој знак има добро изострена перцепција во сите работи кои ги прави, додавајќи оригиналност и елеганција. Вагата има креативен и уметнички дух и најчесто се пронаоѓа во полето на: музиката, танцувањето, дизајнот и архитектурата. Овој знак исто така има добра комуникација со луѓето и умее да преговара, па тоа ги прави Вагите соодветни во односите со јавноста и маркетингот, правото, политиката…
- Среќен ден: петок
- Омилени бои: сина, бледорозова, кремаста, сива и повеќето пастелни бои
- Животно мото на Вагата: да урамнотежува сè околу себе
- На Вагата најчесто ѝ одговара љубовен партнер кој во хороскоп е: водолија, близнаци, стрелец, лав.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
prekrasnoo!!!
pisete za strelc
Кога ке има за Јарец?
Астролошките профили, љубовните комбинации и сите останати текстови ги објавуваме првите денови од конкретниот хороскопски знак. Стрелец почнува на 22 ноември, така што профилот ќе искочи таа недела. Сите останати текстови за стрелец ќе излезат во периодот 22 ноември – 21 декември, т.е. додека е стрелец. Од 22ри декември почнува јарец и ќе биде месец посветен за тој знак итн.
aj za lav i vodolija
koga ke ima za vaga i skorpija??
da i jAS SAKAM DA ZNAM ZA VAGA I SKOPRPIJA
Љубовната комбинација вага – скорпија ќе биде објавена некаде околу 10 октомври. Поздрав
odlicno
se sto pisa e tocno hahahaha naj fer i naj top znak e VAGA se razbira FALA
Jas sum Vaga i cudna rabota e kako moze da se ,,pogodat,, site tie raboti,sto e dokaz deka NE E SLUCAJNO toa 🙂 pozdrav do Administratorite i site gosti tuka.
Abe Lape be 😛
Ke moze li za ljubovna kombinacija Devica – Ribi
pozdrav
А кога ќе биде за Вага и Риби?
zena vaga-muskarac vodolija
zena vaga-maz devica
Објавена е таа комбинација. Повели:
http://www.kafepauza.mk/astrologija/vaga-i-devica-%E2%80%93-ljubovna-kombinacija/
Поздрав
Zosto nema za lav ?
Odlicno :)) bas taka kako sto pise :))
ama ste me opisale…. zakon
sekogas vo pravo :-))))))) daaaaaaaaaaaa
Ааа ќе може за лав и вага 😀 или има веќе ?
Иначе даа супер ! Погодено е се до точка :*
Аха објавено е. Повели вага и лав 🙂
http://www.kafepauza.mk/astrologija/vaga-i-lav-ljubovna-kombinacija/
NEVEROJATNO.NAVISTINA STE IZVONREDNI !!!!
JAS SUM POD ASTROLOSKIOT ZNAK VAGA I NAVISTINA
SE TOCNI VASITE SOGLEDUVANJA I KOMENTARI
ZA ZNAKOT VAGA
VI CESTITAM OVOJ PORTAL NAVISTINA E DOBAR,SVETSKI
SAMO TAKA PRODOLZETE.BRAVO PRIJATELI !!!
SE NAJUBAVO OD MENE D R A G I TRAJKOVSKI
24.09.1976 – 22:40
100% vistina
jas sum vaga i se slozuvam so kazanoto…..bravo
Обично оставаме впечаток на површни а всушност сто пати сме измериле пред да кажеме или решиме нешто. Не е нерешителност, ами желба за перфекционизам и никаков простор за грешка.
Несфатени сме колку многу можеме да сакаме, со сите туѓи несовршености а луѓето само го искористуваат тоа.