Астрологијата и (не)паѓањето во искушение за неверство
Без разлика на хороскопскиот знак, луѓето може да се одлучат да изневеруваат или да не изневеруваат. Доколку она што го сакате е моногамна љубовна врска, тогаш најдобро би било да одберете партнер кој ќе го посакува истото. Но, доколку неверството е нешто што никогаш не би му го простиле на вашиот партнер, прочитајте како ве советува астрологијата да постапувате, за да не му дозволите на тој или таа да падне во искушение.
Огнени знаци
Овенот, лавот и стрелецот се водат според нивната страст. За да ја одржите „жештината“ во врската со некој од овие знаци, ќе ви треба дополнителен напор. Тие обожаваат изненадувања, и покрај тоа што може да ви тврдат дека не сакаат. Исто така, тие сакаат честопати да чувствуваат покачување на адреналинот, така што секоја возбудлива и авантуристичка ситуација е добредојдена, доколку сте во врска со некој од овие знаци. Огнените знаци имаат екстремно натпреварувачки дух, а таквата нивна особина, вие можете да си ја искористете во ваша полза, така што ќе ги намамувате на предизвици. Друга стратегија за да задржите огнен знак, е да му дадете до знаење дека постојат и други луѓе во светот со кои би можеле да бидете во врска. Исто така, мало провоцирање, поттикнувајќи чувство на љубомора кај вашиот партнер, ќе направи тој/таа да ве гледа како единствен/а на светот.
Земјени знаци
Бикот, девицата и јарецот преферираат чувство на безбедност и постојаност во љубовните врски. Тие сакаат да знаат дека се на безбедно тло, па доколку ја злоупотребите нивната доверба, земјените знаци најверојатно ќе ви го возвратат ударот, употребувајќи ги вашите куршуми. За да ја одржувате стабилноста во срцето на вашиот земјен знак, вие ќе мора истото секојдневно да го негувате. Земјените знаци имаат потреба од материјален и физички доказ на вашата љубов, како и константен потсетник дека не ги земате здраво за готово.
Воздушни знаци
Близнаците, вагата и водолијата се родени флертувачи, но без разлика на тоа, тие умеат да одржат со години многу пријателства со припадници од спротивниот пол и притоа да не се заљубат во нив. Тоа е така, бидејќи тие имаат тенденција да не ја сфаќаат љубовта пресериозно, додека не им стане јасно како бел ден, дека некоја личност навистина ги „полудува“, во позитивна смисла на зборот.
Воздушните знаци се интелектуалци и кога се вљубуваат, најчесто станува збор за личност која ги смее и ги тера да размислуваат. Оној момент кога ќе престанете да ги засмејувате и да ги терате да го активираат нивниот ум, тие ќе пронајдат супститут за вас, како на пример, добра книга, интересна телевизиска програма или афера со секси професор/ка. Задржете го вниманието на воздушниот знак кон вас, на начин што ќе го живеете вашето секојдневие активно. Читајте, направете измени во вашиот стил на облекување и секогаш бидете благовремено информирани за моменталните настани во градот и актуелностите од поп културата.
Водни знаци
Ракот, скорпијата и рибите, воопшто, за да бидат во врска со некој, мораат да се почувствуваат душевно поврзани со него. Тие умеат брзо да се приврзуваат со луѓето, па затоа лесно можат да проценат со која личност се интуитивно поврзани на највисоко ниво. Понекогаш може да се случи да се заљубат во некој со кој, размислувајќи логично, никогаш не би помислиле дека можат да бидат, но во овој случај станува збор за некое поврзување на кармичко ниво (или можеби таа личност едноставно користи премногу секси парфем).
За водните знаци љубовта е нешто мистично и затоа мислат дека е контрапродуктивно доколку премногу размислуваат на таа тема. Одржувањето на моногамијата во врската е нешто што неа ќе ја направи „света“ во очите на вашиот воден знак. Изградете ваши специјални ритуали кои честопати ќе ги практикувате, зборувајте на ваш, заеднички јазик кој само вие го разбирате, уживајте во вашата омилена заедничка храна, одржувајте си ги меѓусебните ветувања и „огнот“ во спиритуалниот секс кој го имате. Сето тоа ќе ја одржи стабилноста во вашата врска со водениот знак и верувајте, тој нема ни да помисли да ве замени со друг/а.
mi se dopaga