12 нешта кои само Вагите можат да ги разберат

12 нешта кои само Вагите можат да ги разберат

Доколку сте Вага во хороскоп, без сомнение ќе се пронајдете во поголемиот дел од овие однесувања. Вагите поминуваат многу време во двоумење, обидување да донесат одлуки и живеење мрзливо, но доколку се мотивирани, можат да постигнат повеќе од кој било друг. Погледнете ги 12-те нешта кои се најкарактеристични за овој хороскопски знак.

12 нешта кои само Вагите можат да ги разберат

1. Поминувате цело попладне во обид да сфатите зошто некому не му се допаѓате. Ова е вашето најомилено и најмалку омилено нешто за правење. Сериозно, како е можно некој на оваа планета да не мисли дека сте неверојатни? Мора да постои објаснување, најверојатно кое вклучува вонземјани.

2. Разговорите преку пораки со вашите пријатели најчесто звучат вака: „Дојди да се дружиме“, „Не, ми се останува дома вечерва“, „Во ред“, „А сепак да излеземе?“, „Супер“, „Не, ајде подобро не“. Вие ја обожавате вашата слобода, но и често сакате да бидете сами. Тоа е непрестајна битка која ја водите со себе.

3. Обидот да донесете одлука најчесто ве води кон откажување и дремка. Што на некој начин и се смета за донесување одлука, така да треба да се гордеете!

4. Толку сте опуштени што доцните повеќе од еден час во сите дневни активности. Токму ова однесување води кон губење пријатели и лутење на вашите соработници, но вие знаете дека со живеењето опуштено ќе бидете многу посреќни отколку постојано да бидете во брзање.

5. Вашите пријатели никогаш не знаат кога сте им лути, бидејќи се соочувате со нив на пасивен начин. И потоа уште повеќе се лутите затоа што тие не сфаќаат дека имате проблем со нив. На пример, тие упорно ги качуваат своите нозе на каучот, дури и покрај тоа што сте им рекле дека тој е убава боја. Како тие не сфатиле дека тоа значи да не го уништуваат со своите нозе?

6. Останувате во една врска до крајот на вашиот живот, бидејќи кога започнувате нешто, го истерувате до крај. Токму затоа и некогаш сте во врска која не ве исполнува.

7. Кога сте на забава, се грижите сите да се чувствуваат удобно и сакано. Зарем луѓето прават нешто поразлично на забавите? Уживањето во нечие друштво е нешто кое никој не треба да го побара за да го добие.

8. Им укажувате на вашите колеги дека работите повеќе од сите. Но, вашите пријатели знаат дека сте најмрзливата личност на планетата. Кога сте на работа, сте ефикасни, но кога сте дома… Вие сте неверојатно мрзлива мистерија.

9. Вие или се заљубувате веднаш, на првиот состанок или не излегувате со оваа личност на втор. Едноставно не сакате да си го губите своето време доколку не чувствувате ништо за него/неа.

10. Одлични сте кога глумите дека сте во ред, дури и ако чувствувате дека врискате во себе. Вие го правите тоа за сите околу вас да бидат добри и затоа што не сакате да го расипувате нивното расположение со вашите проблеми.

11. Не ви е јасно како луѓето можат да се воздржат доколку некој помине преку ред. Вие сте навредени од ова однесување и бидејќи правдата ви е важна, не можете да не го искажете гласно својот став на оваа тема. Без разлика колку луѓе има околу вас или каде се наоѓате.

12. Знаете дека имате три недели да завршите одреден проект, но тоа го правите отприлика за 3 минути пред крајниот рок. Доколку немавте крајни рокови, никогаш немаше да станете од вашиот кауч. Вие ќе бевте надвор од форма, додека каучот ќе ви беше прекриен со трошки. Но, барем ќе бидете среќни…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар