12 астро парови кои имаат најкомплицирани љубовни врски
Лав и Стрелец
Овие хороскопски знаци знаат како да се забавуваат и да остават добар прв впечаток. Стрелците се познати по нивната фантастична смисла за хумор, а Лавовите по холивудскиот настап. Проблемот е во тоа што на Лавовите им треба некој кој ќе им дозволи да блеснат, а Стрелците не сакаат баш целосно да го препуштат центарот на вниманието некому. Кога Лавот ќе избувне и ќе почне да се расправа, Стрелецот нема да троши енергија и време за да му го подобри расположението. И покрај тоа, и двајцата се бестрашни и забавни, па затоа би биле одлични пријатели, но сериозната љубовна врска би била премногу комплицирана.
Девица и Водолија
Девиците се грижат за туѓото мислење за разлика од Водолиите. Девиците се стабилни и сигурни, додека, пак, Водолиите се креативни и љубопитни за работите што не ги пробале претходно. Иако Девиците им се восхитуваат на Водолиите поради нивното чувство на слобода, сепак не можат да ја поднесат нивната претерана безгрижност. Меѓутоа, понекогаш Девиците сакаат да бидат во друштво на Водолии за да се потсетат на сите можности што им се на располагање.
Вага и Риби
И Вагите и Рибите се добродушни, грижливи и нежни. Овие хороскопски знаци се многу романтични и најчесто ја идеализираат љубовта. И двајцата летаат со главата во облаци, па затоа тешко им е да поставаат реалистични очекувања и цели. Кога едниот од нив ќе се претстави во вистинско светло, другиот може да се разочара. Што се однесува до љубовта, Вагите и Рибите би можеле да имаат прекрасна летна авантура, но ништо посериозно од тоа.
Скорпија и Лав
Многу моќен и динамичен пар. И двајцата се бестрашни и горди. Луѓето ги гледаат како лидери и ментори. Скорпиите многу ја ценат и искреноста и страста, додека, пак, Лавовите не ја сакаат толку вистината. Освен тоа, Скорпиите се многу љубоморни и никогаш нема да разберат дека целта на флертувањето на Лавот не е за да заведе некого туку за да го привлече во неговата орбита. Овие хороскопски знаци сакаат да бидат доминантни во врската што може да ги искомплицира нештата ако се обидат да воспостават контрола еден врз друг.
Преминете на третата страница за да дознаете кои се последните комплицирани астро парови…