Запознајте го Чемп – најсреќното куче на светот
Чемп е 10-годишно куче кое обожава да застанува пред фотообјективот на 20-годишната Кендис Седиген. Среќните моменти од животот на овој златен ретривер, таа ги споделува на нејзиниот профил на Фликр. Кендис вели дека тој е толку навикнат на фотографирањето, што секогаш кога ќе ја види со фотоапаратот во рака, тргнува по неа, претпоставувајќи дека тие заедно ќе прават фотосесија.
„Навистина сакам да ги фотографирам кучињата такви какви што се – среќни. Секогаш кога јас и Чемп сме заедно тој блика од среќа и тоа навистина може да се забележи на моите фотографии.“
Нејзината цел со овие фотографии не е да создава уметност, туку фотографии кои се забавни за гледање. Веруваме дека го постигнува ефектот. Што мислите вие?
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.