Улични портрети направени без четка
Англискиот артист Дејвид Вокер се пронашол во сликањето улични портрети, но на еден малку поинаков начин. Тој при сликањето воопшто не употребува четка, бидејќи сака неговите дела да бидат комбинација од графити и традиционално сликарство.
„Луѓето обично се прилично изненадени кога ќе чујат дека работата е завршена само со помош на спрејови. Исто така мислам дека им се допаѓа што тоа е направено на надворешни ѕидови. Одеднаш тие се чувствуваат поврзани со сцената за која претходно воопшто не одвојувале време.“
Две години, Вокер сликал само со црна, бела и розова боја, бидејќи така сликањето го чинело помалку, а му дозволувало повеќе да се сконцентрира на конкретната тема. Потоа, тој наишол на кутија полна со спрејови во разни бои кои ги имал заборавено во неговото студио, па така започнал да експериментира со шарени и енергични портрети.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Arte et labore
This is awesome!