Трансформација на луѓе во личноста која отсекогаш сакале да бидат - Part 2

Трансформација на луѓе во личноста која отсекогаш сакале да бидат

Мелани

(5)transformacija-na-lugje-vo-lichnosta-koja-otsekogash-sakale-da-bidat-kafepauza.mk

„Јас сум Мелани и имам 32 години. Денес ќе бидам претворена во маж. Го правам ова бидејќи мислам дека мажите претставуваат моќ и сила, и навистина би сакала и жените да се чувствуваат така.“

Што мислат другите за оваа трансформација?

„Што зборуваш?! Ова е девојка?! Таа би можела да биде актерка која ќе ги игра и двата пола.“ – Стјуард, 22

„Навистина ми се допаѓаат и двата изгледа.“ – Паула, 25

„Ми се допаѓа машкиот изглед. Совршен е!“ – Џулиен, 26

Табита

(6)transformacija-na-lugje-vo-lichnosta-koja-otsekogash-sakale-da-bidat-kafepauza.mk

„Јас сум Табита, имам 29 години и живеам во Лондон. Денес ќе бидам трансвестит бидејќи отсекогаш сум сакала работи кои го надминуваат нормалното.“

Што мислат другите за оваа трансформација?

„Ги сакам трансвеститите!“ – Ставрос, 21

„Ми се допаѓа новиот изглед. Таа е вистинска дива.“ – Паула, 25

„Не се ограничува. Мислам дека е важно да ја искажуваме својата сексуалност, а таа го прави токму тоа.“ – Џон, 34

Феј

(7)transformacija-na-lugje-vo-lichnosta-koja-otsekogash-sakale-da-bidat-kafepauza.mk

„Јас сум Феј. Имам 30 години, живеам во Лондон и сакам да бидам сериозна бизнис жена. Го правам ова бидејќи веќе имам 30 години и мислам дека треба да почнам да се облекувам посериозно.“

Што мислат другите за оваа трансформација?

„Ми се допаѓа деловниот изглед. И гестот со раката, одлично!“ – Стјуард, 22

„Ако баш морам да изберам, дефинитивно бизнис жената.“ – Ели, 26

„Повеќе ми се допаѓа пред трансформацијата. Изгледа поприродно.“ – Сара, 31

Џон

(8)transformacija-na-lugje-vo-lichnosta-koja-otsekogash-sakale-da-bidat-kafepauza.mk

„Моето име е Џон и имам 28 години. Денес ќе бидам поп ѕвезда, бидејќи имам универзитетска диплома за снимање поп песни.“

Што мислат другите за оваа трансформација?

„Ми се допаѓа синиот костим. Изгледа поживо во него.“ – Ели, 26

„Изгледа жестоко.“ – Џулиен, 26

„Ми се допаѓа бушавото нешто околу вратот.“ – Паула, 25


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар