Срушени куќи претворени во ремек-дела: Ова индонезиско село во боите на виножитото ќе ве воодушеви!
Покрај тоа што го исполниле градот со уметност, жителите ќе почнат и со чистење на блиската река.
Туристите го забележаа овој тренд на виножита во Индонезија и сѐ почесто почнаа да ги посетуваат разнобојните села, меѓу кои и Кампунг Пеланги.
Инвестициите кои биле вложени за да се поправи изгледот на некогашната „дупка“ дефинитивно се исплатат, бидејќи локалните бизниси веќе забележале зголемена продажба на сувенири и храна.
Не мора ни да се каже дека живописната, боемска атмосфера на ова новооткриено местенце претставува рај за сите инстаграмџии кои се опседнати со објавување интересни фотографии.
Иднината на Кампунг Пеланги е светла и шарена благодарение на непобедливата моќ на уметноста!
Сигурни сме дека би сакале да ги посетите овие прекрасни села и гратчиња, но би го посетиле ли проколнатиот остров Сумбава во Индонезија?