Пролетна инспирација: Како да го организирате и декорирате вашето модно катче?
4. Ова е одлично за организација на аксесоарите или шминката, но и ќе добиете нешто кое навистина изгледа убаво. Фиоката од вашата работна маса или гардеробер може да биде преградена и на тој начин да добиете помали кутии во кои ќе можете да го ставите вашиот накит, шминка, што било ситно, а секогаш ќе ви биде при рака и ќе можете многу лесно да ги пронајдете.
5. За тоа колку стилскиот мебел одговара во женскиот гардеробер, нема потреба да се зборува многу. Но, заедно со сето тоа поубаво е кога ќе се декорира со цвеќе, свеќи, но и огледала со кои сето тоа изгледа совршено и дава модерен изглед на целото катче.
6. Ако не знаете каде и како да ги поставите вашите омилени обувки, сите оние сандали и високи потпетици кои ги носите само во некои посебни, свечени прилики, а притоа ви е жал што не можете да ги гледате секогаш пред себе, еве го решението. Еден дел од собата, поточно дел од ѕидот можете да го претворите во отворени полици кои како декорација ќе ги имаат токму овие високи потпетици кои ги обожавате.
7. Она што може да је претвори женската соба во вистинска модна оаза е куклата, која најнапред е наменета за шнајдерите, но како што поминува времето сѐ повеќе се користи како прекрасна декорација. Една кукла со вашиот омилен фустан навистина може да направи големо чудо за ентериерот на вашиот дом.