Полици, огледала и уметност: 10 најдобри начини за декорирање на малата бања
6. Уште еден начин да заштедите простор – наместо да ја чувате тоалетната хартија врз некои полици, зошто едноставно не ја оставите врз казанчето за вода? Поставете некоја убава, природна корпа во која ќе можете да ставите неколку тоалетни хартии, па така таа секогаш ќе биде онаму каде што е потребна, а нема да зафаќа дополнителен простор.
7. Без разлика колку е мала бањата, во неа секогаш ќе пронајдете место за некои фиоки кои се доста корисни. Не заземаат премногу простор, а во нив ќе го собере сето она што е потребно. Дури и можете да ги декорирате со некоја билка и парфеми.
8. Покрај тоа што ваквата столица ќе го зачини просторот, ќе го разубави и модернизира, таа може да служи и како место за оставање на чистите работи додека се туширате, а под неа можете да наместите корпа за сместување на уште некои дополнителни работи.
9. Метална, цврста полица на ѕидот може да има функција за сместување работи, а воедно на неа може да се закачат и пешкири, па дури и да се разубави просторот со некое цвеќе или декорација.
10. Уметноста е пожелна дури и на местата на кои најверојатно никогаш не би ја ставиле. Таа на просторот ќе му даде одредена длабочина и пространост, но пожелна е и од естетска страна.
Ви предлагаме да погледнете неколку скандинавски идеи за дизајнирање на бањата.