Подгответе се за фотографии со модерни позадини: 11 трикови како да го направите вашиот дом пофотогеничен
6. Вашиот дом ќе добие сосема нова димензија доколку му додадете само една „гламурозна“ домашна билка. Малку зеленило во просторијата автоматски дава впечаток на шик и добар вкус.
7. За да не изгледа како никој да не живее во тој дом, оставете неколку несовршени детали. Отворена книга, лежерно спуштена салвета покрај чинијата… Овој начин е сличен како првиот, со „неуредните“ перници кои даваат впечаток дека не се средени, а всушност се.
8. Експертите за уредување на домот имаат еден трик за да добијат „длабочина“ во просторијата – комбинација на цвеќе, светло и некој 3Д објект. На пример, нешто вака:
9. Бидете едноставни. Немојте да го натрупувате вашиот дом со премногу аксесоари. Доволен е еден впечатлив детаљ за вашиот уредно среден дом да добие една сосема нова димензија.
10. Мешајте ги боите и облиците за да добиете динамична фотографија која е притоа и забавна. Секако, овој спој на сѐ и сешто треба да има некоја поента за вашиот дом да изгледа стилско и модерно уреден.
11. И за крај, не претерувајте. Нека сѐ изгледа „нормално“, природно, топло и човечки. Ако го украсувате вашиот дом со цвеќе, нека тоа биде уредно и умерено, бидејќи никој не живее во градина. Ако домот го украсувате со овошје, нека тоа биде свежо, но и сезонско. Не морате да глумите луксуз, кој можеби го немате.
Исто така, ви предлагаме да ги дознаете тајните за уредување на домот кои можеме да ги „украдеме“ од среќните луѓе.