Победниците на натпреварот за патувачки фотографии од National Geographic - Part 2

Победниците на натпреварот за патувачки фотографии од National Geographic

„Геометрија на сонцето“, Енрико Пескантини
Победниците на натпреварот за патувачки фотографии од National Geographic

Второ место во категоријата

„Теотихуакан значи место каде што се создадени боговите. Пирамидата му била посветена на богот на сонцето и навистина ме фасцинира како сонцето зафаќа само половина од фотографијата, додека другата половина е во сенка. Локација: Теотихуакан, Мексико.“

„Рефлексија“, Ганеш Прасад
Победниците на натпреварот за патувачки фотографии од National Geographic

Трето место во категоријата

„Едно утро сакав да ја фотографирам маглата која е неверојатна во Дубаи од декември до јануари. За жал немав пристап до покривот па ѕиркав преку прозор на понискиот кат. Градот изгледаше навистина неверојатно. Локација: Дубаи, Обединети Арапски Емирати.“

Луѓе

„Чај“, Алесандра Мениконзи
Победниците на натпреварот за патувачки фотографии од National Geographic

Прво место во категоријата

„Долго време сум фасцинирана од методот на древните Монголци за ловење орли. Во 2018-та година следев семејство ловџии за време на нивната миграција од зимскиот кон летниот камп. Чајот е еден од знаците на гостопримливост. Кај нив не е само пијалак, туку мешавина од култура, релаксација, церемонија и задоволство. Локација: Планина Алтаи, Западна Монголија.“

„Леида и Лаеле – ќе те подигнам“, Тати Итат
Победниците на натпреварот за патувачки фотографии од National Geographic

Второ место во категоријата

„Од 2016-та година работам со имигрантите кои живеат во мојот град. Се спријателив со некои семејства, особено со близначките Леида и Лаеле. Велат дека животот во Бразил е како рај, многу поразличен од реалноста од нивната држава. Сакаат да станат модели и учителки и да заработат пари за нивните роднини од Хаити. Локација: Естрела, Бразил.“

„Предизвикувачко патување“, Танвир Хасан Роган
Победниците на натпреварот за патувачки фотографии од National Geographic

Трето место во категоријата

„Оваа фотографија е направена на железничката на аеродромот во Дака. Луѓето се враќаа кон нивните села за да го поминат празникот Еид со нивните семејства. Овој човек ми го привлече вниманието. Семејството имаше билети за во возот, но не можеа да стигнат до нивните седишта. Локација: Дака, Бангладеш.“

Погледнете и дел од другите пријавени фотографии за овој натпревар.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар