Оживеаја графитите на мистериозниот Бенкси
„Ти не си Бенкси“ е досега нејнеобичната „репродукција“ на делата на мистериозниот цртач на графити, зад која стои британскиот фотограф Ник Стерн. Тој користејќи вистински предмети и луѓе како модели, направил реални верзии на најпознатите дела на Бенкси. Деталите во неговите фотографии во кои „оживува“ уметноста на талентираниот стрит артист, се речиси идентични со оригиналите. Овие исклучително креативни дела на Стерн за кусо време станаа ултрапопуларни на интернет.

Бес

Слугинка во Лондон

ББ
„Отсекогаш ме интригирала работата на Бенкси и помислив дека ќе биде фасцинантно да се обидам да направам фотографии преку кои на поинаков начин ќе ги прикажам неговите најпознати графити. Изненаден сум и поласкан што на толку многу луѓе им се допадна идејата“, вели британскиот фотограф.

Мир

Пештерски човек

Гол човек

Девојче и војник

Гвантанамо

Мајка и син

Гушкач на бомба

Мона Лиза со базука

Дете војник

Полицаец-шмркач

Што?

Потрошувачот Исус

Куче

Стражар

Полицајци што се бакнуваат
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.