Од што сѐ можете да направите новогодишна елка?
Дури и откако поминаа многу години откако престанавте да верувате во Дедо Мраз, сепак сите сакаме убаво накитено новогодишно дрво, креативни празнични декорации и снешковци. Во денешно време, не е битно само убаво да ја накитите вашата елка, туку уште покул е да креирате и самите една елка. Тие ќе го зголемат празничниот дух во вашиот дом и ќе го направат поинтересен вашиот ентериер. Еве од што сѐ можете да направите божиќно дрво:
Од вашите дебели студентски книги
Од отпечатоците на вашите дланки
Од украсна хартија за виткање подароци
Од балони
Од картонски кутии за јајца
Од копчиња со различни големини и форми
Од дрва
Од страници од книга
Од волница за плетење
Од плутени тапи од шишиња вино
Од украсни траки за виткање подароци
Ѕидна колекција од фотографии, магнети, украси кои ви ја обележале 2012
Од суви стапчиња
Од стари весници бојадисани со златна боја
Од салата со броколи
Од брдо златни перничиња
Доколку ништо од ова не ви се прави, можете да се позанимавате во текот на празниците, изработувајќи ја оваа едноставна хартиена елка, која ќе го збогати вашиот дом со хармонија.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.