Уредување на ентериерот: Мермерни маси кои ќе ја надополнат секоја просторија во домот
Последните трендови во светот на ентериерот го издвоија мермерот како популарна опција за уредување на ентериерот, и тоа од бањата до кујната. Она што му помага на мермерот да се истакне помеѓу останатите материјали е секако луксузниот и елегантен изглед, како и фактот што добро се комбинира и со дрво и со метал. Со самото тоа, одлично се вклопува во минималистичките ентериери, во ентериерите во кои колоритот од весели бои ја презема главната улога или во раскошно уредените простории.
Веќе со векови е присутен во архитектурата, а особено е популарен во скандинавскиот стил на уредување кој дозволува неговата раскошност и убавина навистина да дојдат до израз. Исклучително убав избор е за маса во кујната, како и за мала масичка за кафе во дневната соба. Бидејќи е исклучително цврст и силен, со самото тоа ќе трае засекогаш. А, ќе направи и секоја просторија во домот да изгледа како дизајнерско дело. Во продолжение следуваат фотографии што ќе ве инспирираат како да го комбинирате во вашиот дом.
На следната страница ве очекуваат уште неколку предлози како можете да го вклопите мермерот во вашиот дом.