Страшни уметнички дела што ќе ве натераат да се запрашате за менталната состојба на сликарот - Part 2

Страшни уметнички дела што ќе ве натераат да се запрашате за менталната состојба на сликарот

8. „Голем електричен стол“

Некои од највознемирувачките уметнички дела

Нацртана во 1967-ма година од познатиот Енди Ворхол, оваа слика е дел од серијал на кој се прикажани електрични столови. Енди ја направил серијата во период кога бил фокусиран на теми како смрт, катастрофа, самоубиство и сообраќајни несреќни.

9. „Пекол“

Некои од највознемирувачките уметнички дела

Делото на германскиот автор Ханс Мемлинг направено во 1485-та година било едно од неговите најстрашни во тој период. Сликата била користена да ги натера луѓето да живеат доблесни животи.

10. „Водниот дух“

Некои од највознемирувачките уметнички дела

Уметникот Алфред Кубин се смета за важен претставник на симболизмот и експресионизмот и е познат по неговите мрачни и симболични фантазии. Оваа слика е едно такво дело и го прикажува страдањето и проклетството на море.

11. „Врисок“

Некои од највознемирувачките уметнички дела

„Врисок“ е дел од серија слики направени од норвешкиот уметник Едвард Мунч. На сликата е прикажан лик во агонија пред небо со крвава боја. Иако изгледа бизарно, „Врисок“ била инспирирана од вечерна прошетка кога Едвард гледал „крваво“ зајдисонце и му изгледало како природата да вика.

12. „Кошмар“

Некои од највознемирувачките уметнички дела

Оваа маслена слика од шведскиот сликар Хенри Фусели прв пат била изложена на годишната Изложба на кралската академија во Лондон во 1782-ра година. Сликата ги шокирала и посетителите и критичарите.

13. „Масакр на невините“

Некои од највознемирувачките уметнички дела

Ова уметничко дело на Питер Пол Рубенс се состои од две слики и е завршено во 1612-та година. Се смета дека е направено под влијание на познатиот италијански сликар Караваџо.

14. „Ужасите на војната“

Некои од највознемирувачките уметнички дела

Ова е серијал од 82 принтови направени од шпанскиот сликар Франциско Гоја, помеѓу 1810-та и 1820-та година. Гоја бил потресен од конфликтите помеѓу Шпанија и Француската империја на Наполеон и решил да ги прикаже ужасите од војната на овие принтови.

Откријте ги и тајните скриени во некои од најпознатите уметнички дела.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар