Млад брачен пар го освои целиот свет со несекојдневна фотосесија за нивната љубов
По фотосесијата Стефани и Арин се чувствувале многу поблиски, а интимноста помеѓу нив се зголемила.
„Во текот на врската, тој никогаш не направил да се чувствувам лошо за мојот изглед. Нему не му е важно дали сум се избањала или дали сум ги избричила нозете. Тој ме сака онаква каква што сум. Тој ми има кажувано дека не му е грижа како изгледам, бидејќи јас сум секогаш убава за него.“
Фотографиите биле споделени над 83.000 пати на Фејсбук. Стефани била шокирана од популарноста.
„Кога ги направивме фотографиите мислев дека ќе се изгубат помеѓу илјадниците што веќе ги има. Не знаев дека приказната ќе се фокусира токму на нашите фотографии. Не можам доволно да им се заблагодарам на сите кои ме поддржаа.“