Креативни полици за книги кои ќе посакате уште веднаш да ги имате во вашиот дом
6. За оние кои сакаат да заштедат простор
Доколку и вие имате мал простор, треба да научите како истиот да го искористите максимално. Една идеја која може да ви помогне е да вградите полици во вашите скалила, па повремено можете вие или членовите на вашето семејство, да седнете, да прочитате некоја страница и да дискутирате за тоа.
7. За оние кои сакаат да избегаат од реалноста
Пронајдете простор подалеку од целиот метеж во вашиот дом и направете полица вградена во вашиот ѕид, па повремено дозволете си да избегате од реалноста.
8. За архитектонските визионери
Оваа дрвена полица за книги изгледа како да ја поделува просторијата, дозволувајќи да навлезе светлината помеѓу дрвените вертикално распоредени штици. Освен тоа, одлично се вклопува и со црвената позадина.
9. За минималистите
Едноставни полици кои ќе го направат вашиот простор необичен. Создајте вертикална скала со лебдечки полици и наредете ги книгите во кои уживате. Уште една предност е што ова нема да ве чини многу!
10. За обожавателите на изненадувања
Направете мала библиотека на вашата врата која ќе води во друга просторија. Никој не би помислил дека зад богатството на книгите постои уште некој влез!