Креативни идеи што визуелно ги зголемуваат малите бањи
Лесно е да уредувате ако веќе имате мебел и голема соба, но кога станува збор за малите простории, тоа и не е толку едноставно. Тие се многу потешки за уредување и опремување, особено кога станува збор за бањата. Машината за алишта, лавабото и мијалникот се само дел од фиксните предмети кои треба да ги наместите во неколку квадрати. Но, со помош на овие неколку корисни совети, вашиот простор може да биде модерен, убав и функционален.
1. Бои
Бојата е една од поважните работи на кои мора да мислите кога сакате малиот простор да го направите визуелно поголем и поефективен. Избегнувајте ги темните и мрачни бои на големите површини, бидејќи тие го затвораат и намалуваат просторот. Потпрете се на белата, кремот или светлосивата боја. Можете да додадете само еден мал детаљ во некоја силна боја, како што е парчето ѕид зад огледалото, па дури и цеиот ѕид со најмала површина. Боите можете да ги ставите и во облик на детали, како што се фонографиите на ѕидот, вазните, завесите, пешкирте или садовите за сапун и четките за заби.
2. Детали
Деталите како шари, пруги, коцки ии цветни дезени што ги има во облик на декоративни плочки во малиот простор се вистинско освежување. Но, немојте да претерувате, бидејќи тенка е границата помеѓу убавината и кичот. За мала бања доволен е само еден ѕид или еден сегмент од него украсен со бордо или црвени плочки. Исто така, платнените детали како што се завесите можат да бидат доста ефективни во малата бања. Идеи за бања од соништата понекогаш можете да пронајдете и во бројните дизајнерски решенија кои се создадени за фантазирање и инспирација.
3. Мебел
Никогаш не е доволно од шкафчиња за козметика, пешкири и средства за чистење. Доколку сакате максимално да го искористите малиот простор, изберете ѕидни, висечки шкафчиња или пак, вградени кои се монтираат под мијалникот. Сличен ефект ќе постигнете и со помош на ѕидните или самостоечки полици кои се многу поевтини од шкафињата, а подеднакво интересни и корисни. Избирајте едноставни, мазни површини, а огледалата секогаш се добредојдени, бидејќи визулено го зголемуваат просторот.
Санитарии
Избегнувајте ги масивните кади и големите мијалници, бидејќи тие за момент може да го заземат целиот простор. Кадите со полукружен облик или пак, туш кабините ќе ви овозможат дополнителен простор за шкафче тоалетна школка. Кога станува збор за мијалникот, со вграден модел кој се вклопува во шкафче или ѕиден носач ќе добиете дополнителен простор под него кој можете да го наполните со пешкири или средства за чистење.
Секогаш можете да се обидете да ја зголемите просторијата и со мајсторите на илузијата, односно огледалата кои визуелно ќе го зголемат и разубават вашиот дом.